X
 21.05.2017 Наука

Приказната за научникот кој ги создал едни од најопасните супстанци на 20 век

Американецот Томас Мидгли Џуниор е човекот кој е одговорен за настанувањето на двете најдеструктивни хемиски комбинации на 20 век. Додека работел како хемиски инженер во „General Motors“, открил дека додавањето на тетраетилот во бензинот го решава проблемот на „чукање“ на моторот. Заради откритието тој се отрул со олово, а компанијата се збогатила, но и штетела на животната средина и здравјето на Американците.


фото извор: Wikipedia

Во тоа време, фрижидерите биле ризични бидејќи користеле опасни плинови кои некој пат и протекувале. Во болница во Кливленд и Охајо, стотина луѓе биле убиени од таа причина. Мидгли создал плин кој бил стабилен, незапалив и некорозивен, па и безбеден ако се вдиши. Проблемот го решил за три дена. Комерцијалното име на плинот бил „фреон“. Тој на годишниот состанок на хемиското здружение на Америка, вдишал големи количини на плин и го дувнал во запалена свеќа, за да докаже дека не е отровен ниту запалив. Бил прогласен за херој и награден за неговото откритие. 

Подоцна се открило дека фреонот многу штети на озонската обвивка. Мидгли имал 117 патенти за откритија кои не убиле никого. Но, еден изум го убил и неговиот создавач. Подоцна во својот живот тој добил полио и не можел да оди. Бидејќи бил љубопитен, измислил механизам за дигалки кои му помагале да стане од кревет. Починал кога се заплеткал во направата која го задавила.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука