X
 12.01.2024 Живот

Заборавете го фудбалот - во Финска се одржува светско првенство во гушкање дрвја

Секоја година во Лапонија, Финска, се одржува светско првенство во гушкање дрвја.

Лоциран на околу 170 километри северно од Арктичкиот Круг, во приватната шума Халипу, овој настан ги предизвикува учесниците да се натпреваруваат во три необични дисциплини:

1. За една минута да прегрнат што е можно повеќе дрвја, при што секоја прегратка треба да трае најмалку пет секунди.
2. Да ја понудат својата најпосветена прегратка, покажувајќи присуство, намера, љубов и почит кон одредено дрво.
3. Во прегрнувањето во слободен стил натпреварувачите се натпреваруваат во најкреативната прегратка во траење од една минута.

 
Иако изгледа необично, настанот има сериозна цел - да ги охрабри луѓето да се поврзат со природата и да ја заштити шумата од сечење.

Рита Рекалио-Вундерник, која заедно со сопругот го смислила овој настан, вели дека на почетокот луѓето сметале дека натпреварот е смешен, но на позитивен начин. Финците, познати по нивната склоност кон ексцентрични активности, го користат овој настан за да се изразат на уникатен начин, особено во руралните области.

Натпреварот за гушкање дрвја е дел од пошироките напори на семејството Рекалио-Вундеринк да ја зачува својата шума. За да го постигне ова, семејството смислило алтернативен начин како да ја искористи вредноста на шумата без да ја уништи. Покрај натпреварот, семејството го создало и „Кемпфајр бариста“, кафуле на отворено околу камперски оган во шумата, како и опцијата „Арктик слиповер“, каде што посетителите можат да преноќат под отворено небо.

 
Овој проект е успешен, особено по пандемијата кога се зголеми желбата на луѓето да се поврзат со природата. Натпреварот за гушкање дрвја инспирира слични настани низ светот, а победниците на тие натпревари доаѓаат во Халипу за да се натпреваруваат на светско ниво.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот