X
 12.02.2020 Образование

Словенечките универзитети ги отворија вратите за 2.271 странски државјанин

На словенечките универзитети оваа година ќе можат да се запишат 2.271 странски студент. Споредено со минатата година, ова претставува зголемување за 49 места, наменети за оние што немаат словенечко државјанство.

Во овој момент на студии во Словенија има околу 1.000 Македонци.

Ако се споредува со минатите години, генерално има тренд на намалување на слободните места за словенечките државјани. Оваа година е објавено дека ќе има 18.365 слободни места, што е 33 помалку во споредба со минатата година. На универзитетот во Љубљана има 9.111 слободни места, а на тој во Марибор 4.508 места.

Пријавувањето за новиот циклус студии трае до 18 март.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование