X
 09.05.2015 Образование

Факултет кој нуди програма за правење на пиво

Сакате да научите како се прави пиво? Политехничкиот државен универзитет Помона во Калифорнија ви ја нуди оваа можност.

 

pivo


Кога универзитетот ја отвори новата пиварница во декември, му се приклучија уште неколку колеџи кои им нудат инструкции на студентите како да произведуваат високо квалитетно пиво. Во исто време, го однесе движењето чекор подалеку - резултатите од подвизите на студентите ги продава на кампусот.

„Правењето и продавањето на пиво како и поседувањето на пиварница и сето тоа да има едукативна компонента, е нешто што досега светот не го видел. Ние сме првите кои сите овие компоненти ги споивме заедно“, вели Арон Нилсон, директор на Фондацијата Кал Поли.

Стивен Мосер е магистер по хемија кој моментално работи на подготовка на серија на пиво.

Иако официјалните лица од Кал Поли велат дека ова е единствениот колеџ кој создава сопствено пиво и го продава на кампусот, ова наскоро може да се промени. Државниот универзитет во Колорадо се очекува да започне со продажба на нивно сопствено пиво во паб на кампусот во текот на оваа година.

Студентите од Универзитетот во Висконсин, Медисон, Државниот универзитет во Орегон и други кампуси низ земјата, исто така создаваат пиво на кампусот.

Оние студенти кои учат на додипломски и магистерски студии во ферментација мораат да ја вкусат секоја серија на пиво за да се осигураат дека вкусот на пивото е добар. Исто така, постои и годишен натпревар за да се утврди кој е најдобриот произведувач на пиво на факултет.

Но, се чини дека Кал Поли, Понома, кој се наоѓа во полу-руралниот дел на Јужна Калифорнија, на околу 50 километри источно од Лос Анџелес, се добро позиционирани да го преземат овој тренд на едно сосема ново ниво.

Со години Универзитетот кој става силен акцент на земјоделските и угостителските студии, работи со сопствен ранч, хотел и центар за настани. Овие денови, на ранчот се произведуваат сосема нови вкусови на пиво.

Продеканот Мајкл ГОдфри, кој ја донесе ова програма во 200 година со само еден час за културата и историјата на пивото, предвидува дека оваа студиска програма ќе биде централен дел од студирањето на студентите заинтересирани за учење на комплицираната наука позади изработката на доброто пиво.

„Со самиот факт што индустријата се проширува, потребни се вакви луѓе“, вели Дејвид Рајдер, кој е експерт за правење на пиво.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование