X
 12.05.2023 Забава

Се бара лице кое ќе биде платено да ги гледа филмовите „Брзи и бесни“

Обожавателите на филмовите „Брзи и бесни“ ќе бидат возбудени кога ќе слушнат за можноста да бидат платени за да ги изгледаат сите филмови од франшизата.

Компанијата „Фајненс баз“ сака да му плати 1.000 долари на лице кое ќе биде одбрано да ги гледа сите филмови од франшизата, како и новиот дел кој ќе излезе на 19 мај. Работната задача предвидува и фаќање белешки за сите случаи на оштетување на автомобили во филмовите. Треба да се забележи и видот на автомобилот и бројот на инцидентите со автомобили во секој филм.

Компанијата ќе ги користи овие податоци за да ја процени осигурителната штета на возењето во филмовите. Компанијата сака и да знае дали бројот на оштетувања на автомобили во филмовите се зголемил или се намалил од првиот филм.

Одбраното лице ќе добие 1.000 долари за задачата, како и 100 долари за да ги покрие трошоците за гледање на филмовите.

Повикот е отворен за жители на САД кои се постари од 18 години. Пријавувањето трае до 19 мај.


Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава