X
 29.01.2026 Култура

Ќе се снима продолжение на филмот „Валкан танц“

Пред речиси 40 години Џенифер Греј и Патрик Свејзи го освоија светот со „Валкан танц“, а студиото „Лајонсгејт“ сега потврди дека актерката повторно ќе ја игра улогата на Френсис Хаусман - Бејби во долгоочекуваното продолжение на култниот филм од 1987 година.

- Улогата на Бејби зазема посебно место во моето срце и во срцата на многу обожаватели. Долго се прашував каде е Бејби по сите тие години и како изгледа нејзиниот живот, но беше потребно време да се состави тим на кој можам да му верувам за наследството на оригиналниот филм. Возбудена сум што можам да кажам дека чекањето е речиси завршено - изјави актерката Греј.

Снимањето ќе почне наскоро


„Лајонсгејт“ потврди дека снимањето на продолжението ќе започне во следните месеци. Џенифер Греј ќе биде и извршен продуцент на филмот заедно со режисерот Џонатан Левјан.

Ова е првпат Греј да се врати во култната улога. Нејзиниот партнер, Патрик Свејзи, кој почина во 2009 година од рак на панкреасот на 57-годишна возраст, накратко ја повтори улогата на Џони Касл во филмот „Валкан танц: Ноќи во Хавана“ од 2004 година.

Џенифер Греј уште во 2020 година потврди дека ќе биде дел од продолжението, но нагласи дека филмот нема да се обиде да ја повтори магијата што нејзиниот покоен колега ја донесе на екран.

- Сè што можам да кажам е дека никој не може да замени некој што починал. Не се обидуваш да повториш нешто толку магично. Само одиш по друг пат - рече таа.

Иако деталите за приказната сè уште не се објавени, Греј потврди дека филмот ќе го следи животот на Бејби 30 години подоцна, прикажувајќи ја приказната во 90-тите.

 

Извор: Bizlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура