X
 12.06.2018 Живот

Дали Доналд Трамп лаже за своето физичко здравје?

Сликата на лидерите од Г-7 средбата, на која сите стојат рамо до рамо, отвора интересно прашање за физичкото здравје на Доналд Трамп.

Според последните резултати од систематскиот преглед на Трамп, објавени во јануари оваа година, претседателот е висок 190 сантиметри и тежок 108 килограми. Но сликите од Г-7 средбата покажуваат дека тој е малку понизок од канадскиот премиер Џастин Трудо, кој е висок 187 сантиметри.

1

Со ова се покренува прашањето за здравјето на претседателот. Критичарите сугерираат дека тој намерно ја зголемил својата висина, така што неговиот индекс на телесна маса (BMI) би покажал само „прекумерна тежина“, а не „дебел“.

Според индексот на телесната маса, тој е 29,87, но ако пишуваше дека е висок 187 сантиметри, тогаш индексот на неговата телесна маса би бил 30, со што би бил во категоријата „дебел“.

Претходно оваа година на неговиот прв медицински преглед Трамп добил одлична оцена за здравјето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот