X
 12.06.2018 Култура

„На технологијата ѝ е потребно човечко срце“, им порача Шерил Сандберг на дипломците

Шерил Сандберг, главен оперативен директор во „Фејсбук“, имаше можност да им се обрати на дипломците на Универзитетот за технологија во Масачусетс. Таа ја искористи можноста да се осврне на проблемите со кои овој период се соочува „Фејсбук“ - протекувањето на податоците и прашањето на приватноста на податоците на корисниците, но зборуваше и за иднината на технологијата онака како што ја гледа таа.

sheril
Фото: MIT


Таа истакна дека се надева дека дипломците ќе го искористат своето влијание за технологијата да биде добра сила во светот.

- На технологијата ѝ е потребно човечко срце. Она што нѐ зближува и она што ни прави задоволство, она што е важно - изјави Сандберг.

На дипломците им порача дека не е технологијата таа што ќе ги дефинира, туку тимовите што ќе ги изградат и она што луѓето ќе го направат со технологијата.

- Мораме да постапиме како што треба бидејќи потребна ни е технологијата за да ни помогне да ги решиме нашите најголеми предизвици. Технолозите секогаш се оптимисти. Ние сме оптимисти бидејќи мораме да бидеме. Ако сакате да направите нешто што никој не го направил, многу луѓе ќе речат дека не е возможно. Оптимисти сме бидејќи ги гледаме бројките... Нашиот предизвик сега е да бидеме оптимисти со чист поглед или, да парафразирам, претседателот Кенеди, оптимист без илузија. Да изградиме технологија што ќе ги подобри животите и ќе им даде глас на оние што го немаат, а истовремено ќе ја спречи злоупотребата. Да изградиме тимови што подобро ќе го одржуваат светот околу нас - со својата комплексност и различност. Ако успееме, а можеби и ќе успееме, можеме да изградиме технологија што подобро ќе им служи не на некои, туку на сите - рече Сандберг.

Таа додаде дека е горда на она што „Фејсбук“ го направил во светот, но призна и дека згрешиле.

- Не ги видовме сите ризици што ни се закануваа и не направивме доволно за да ги спречиме. Тешко е кога знаеш дека си ги разочарал луѓето околу себе - рече Сандберг.

Целиот говор може да го погледнете тука.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура