X
 12.06.2021 Технологија

Ел Салвадор ќе користи енергија од вулканите за копање биткоини

Ел Салвадор неодамна стана првата држава во светот во која биткоинот е признаен како платежно средство. Претседателот на земјата, Најиб Букеле, најави план за користење геотермална енергија за копање на криптовалутата. Поточно, земјата ќе користи енергија од своите вулкани за копање биткоини.

Букеле открил на „Твитер“ дека побарал да се направи план за локации за копање биткоини кои ќе функционираат со помош на геотермална енергија. Според него, оваа опција за копање биткоини е поеколошка и ќе користи многу евтина, чиста и целосно обновлива енергија од вулканите во земјата.



Дури 62 од вкупно 84 члена на конгресот на Ел Салвадор го поддржале прифаќањето на биткоинот како платежно средство. Државата работи со платформата „Страјк“ за изградба на потребната финансиска инфраструктура.

Во последниот период вредноста на биткоинот паѓаше, иако веста за Ел Салвадор малку ја зголеми. Падот најмногу беше предизвикан од компанијата „Тесла“, која престана да прима биткоини како средство за плаќање. Истовремено, Кина ги казнува сите што копаат криптовалути бидејќи тоа сега е забрането во земјата.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија