X
 13.11.2022 Технологија

Нов хибриден енергетски систем за згради комбинира ветерна и соларна енергија

Француската стартап-компанија „Унеол“ развила тивок хибриден енергетски систем кој ја комбинира енергијата од сонцето и енергијата од ветерот, а е приспособен за зградите во урбаните средини.

Претставениот механизам се состои од ветротурбини покриени со фотонапонски покрив за производството на енергија да се зголеми за 40 отсто во споредба со само соларното решение. Спојувањето на овие два обновливи извори на енергија дава можност за замена во зависност од временските услови и се гарантира зголемено производство во сите годишни времиња.

Фотонапонската ефикасност зависи од сончевите зраци, а ветротурбините може да ја преземат функцијата навечер или во текот на зимата. За да имаат ниски емисии на јаглерод диоксид, ветротурбините се направени од рециклирани материјали или од материјали што може да се рециклираат, како алуминиум и не'рѓосувачки челик.


Компанијата користи и специфични алгоритми за одредување на идеалниот број на ветротурбини и фотонапонски панели за секој тип зграда. Освен тоа, тие работат нечујно и не создаваат електромагнетни бранови кои се штетни за луѓето и за градежната опрема.

Компанијата соработува со канцеларијата за проектирање ЕСЕР за да ја приспособи технологијата на сите видови рамни покриви.

Минатата година тимот инсталирал експериментален уред на локација на северот од Франција. Доколку перформансите на уредот бидат добри, компанијата ќе почне масовно производство со помош на средствата што моментално ги собира.

Извор: Gradnja
Насловна фотографија: Uneole
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија