Процесот на градење на Европскиот универзитет на иднината, во кој учествуваат шеесет и пет европски универзитетски алијанси, а во последниве години се вклучуваат и универзитети од Македонија, подразбира многубројни и комплексни чекори за кои не постои трасирана маршрута или рецепт.
Напротив, како што кажа ректорот Игор Неделковски, УКЛО е првиот македонски универзитет што стана дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, оваа можеби најважна иницијатива за високото образование во нашата држава е пат во непознатото.
Но, токму тој тип на предизвик претставува лост во рацете на визионерите што ги креираа и менаџираат Алијансите, конечно да се разбуди и редефинира улогата на универзитетот на иднината како генератор, фасилитатор, жариште, јадро и алтернатор на кокреативна енергија и процеси, во директна и конкретна соработка со сите стејкхолдери во Европскиот високообразовен простор.
Според академската раководителка, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска, креатор и организатор на овие значајни потези за Македонија и Западен Балкан, токму во таква улога се позиционираше УКЛО КОЛОРС, кој на 5 јуни 2026 година беше домаќин на историски значајна тркалезна маса, поради најмалку две причини. Обединувањето на сите најзначајни чинители во еден академско-политички дијалог од Македонија, Западен Балкан и Европската Унија кои ја препознаа важноста на оваа средба и дискусија е потфат кој постигна високо ниво на самит воден од академската сила и партнерите. Додека, пак, изборот и релевантноста на темата - Европската диплома преку заеднички дипломи, која почнува од дома, зборуваат сами по себе дека она што го правиме во Македонија е со огромен наш вложен труд и е на ниво на европските квалитети, стандарди и професионалност.
На тркалезната маса за заедничките и европската диплома која почнува дома зедоа учество со свои интервенции најзначајните чинители во Европскиот високообразовен простор и тоа: Министерството за образование и наука на РСМ преку заменик-министерот Дритон Сулејмани; Европската комисија - Генерален директорат за образование, млади, спорт и култура (DG EAC), преку г. Алберт Сесе Баларт, раководител на сектор за образование и Еразмус+.
Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, претставувана од г-ѓа Олга Бороданкова, директор на сектор за образование и млади; Асоцијацијата на алумни од Западен Балкан (WBAA) ја застапуваше д-р Милан Стојановиќ, член на Управниот одбор на WBAA и основач на НВО Центар за извонредност во одржливоста во храна и земјоделство од Србија; Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја застапуваше директорката, м-р Ана Михајлов; Одборот за евалуација на високото образование во Северна Македонија беше претставен од претседателката, проф. д-р Мила Арапческа; од Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност и директорката проф. д-р Ана Тромбева-Гаврилоска интервенцијата ја реализираше проф. д-р Билјана Трајковска; додека Агенцијата за квалитет во високото образование ја застапи проф. д-р Гоце Цилев.
Тркалезната маса ги обедини алијансите кои дејствуваат во Македонија (COLOURS, ChallengeEU, Ace2EU и AcrossEU) при што се даде можеби најзначајниот сигнал дека само на тој начин академската сила може и треба да дејствува на прогресивен начин. Така, интервенции имаа долгогодишните соработници на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Џемал Зенуни, декан на Факултетот за современи науки и технологии при Универзитет на Југоисточна Европа Алијанса ChallengeEU; и м-р Бети Костадиновска Димитровска, Раководител на Канцеларија за проекти при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Алијанса AcrossEU.

Проректорот, проф. д-р Цветко Андреески, го адресираше УКЛО КОЛОРС ангажманот во процесите на заеднички дипломи, микроквалификации и образование базирано на проблеми и предизвици; додека искуството од првата заедничка диплома на која се работи со години во Алијансата КОЛОРС - Мастер МИНД, иницирана од проф. д-р Рената Петревска-Нечкоска од Економскиот факултет – Прилеп и Катедрата за бизнис-информатика раководена од проф. д-р Коста Сотироски го пренесе менаџментот на факултетот, во чие име зборуваше проф. д-р Никола Димески, продекан за настава. Комплетноста на Европските универзитетски алијанси ја постигнаа придружните (асоцирани) партнери на Алијансата КОЛОРС (кои ги има 55 од цела Европа), кои го активираат специфичниот дизајн на Алијансите преку четирикратниот хеликс: бизниси, граѓански сектор, институции на системот и образовни институции. Па така, во име на Општина Битола, се обрати г. Бојан Бојкоски, претседател на Советот на Општина Битола, асоциран партнер на алијансата КОЛОРС, а проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска како претседател на Македонското научно друштво, зборуваше во име на МНД и асоцираните партнери: Хидробиолошки завод Охрид и Нова Солушнс Битола. На тркалезната маса, покрај во работните состаноци, учество зедоа и партнерите од КОЛОРС кои заедно со УКЛО работат на пилотирање на Мастер МИНД и воопшто, заеднички и европски дипломи во КОЛОРС - проф. д-р Сандрин Лабори, координаторка за двојни и заеднички дипломи на Катедрата за економија и менаџмент, Универзитет во Ферара, Италија и проф. д-р Карлис Креслинс од Факултетот за економија и менаџмент, Центар за трансфер на технологии и иновации, поранешен ректор, Универзитет за применети науки Вентспилс од Латвија. На настанот зеде учество и д-р Ваел Муса, директор од Универзитетот во Падерборн, Германија, координатори на Алијансата КОЛОРС.

Посебен момент на
тркалезната маса се постигна со декларацијата на Студентскиот манифест, претставен од членови на УКЛО КОЛОРС студентите: Антонио Петковски (претседател на Универзитетското студентско собрание на УКЛО и претставник на УКЛО во Студентскиот форум на КОЛОРС), Марија Сервини, Валентин Стојановски и Наталија Василевска, кои испратија јасна порака - иднината на високото образование се гради преку соработка, отвореност и заедничка европска визија. Преку косонување, кокреација и коеволуција, младите бараат образование без граници, флексибилни студиски патеки, заеднички дипломи и усогласени европски стандарди. Тие веќе активно ја живеат иднината на европското образование и повикуваат на понатамошни системски и законски реформи што ќе го следат овој развој. Како прва генерација македонски студенти целосно вклучени во Иницијативата за европски универзитети, тие веруваат дека европското образование може да се гради дома, без младите да мора да избираат меѓу останување во својата земја и висок квалитет на високото образование. Тоа подразбира градење знаења, вештини и компетенции на сеопфатен начин кој го дизајнираат и трасираат Алијансите.

Проректорот, проф. д-р Јове Димитрија Талевски, раководител на УКЛО КОЛОРС истакна: Европската диплома не е парче хартија донесено од Брисел. Таа мора да биде изградена „оддолу нагоре“ од самите алијанси кои служат како живи лаборатории и полигони за тестирање. За Македонија, оваа тркалезна маса е колективен механизам за усогласување на националните политики со Европскиот простор за високо образование. Токму затоа, секој учесник денес споделува свои размислувања и конкретни препораки за акција. Тука сме за да составиме документ заснован на податоци (Policy Brief) кој ќе фрли светлина врз начинот на кој можеме да ги отстраниме или надминеме пречките кои го спречуваат вистинското движење на мозоци (brain circulation) и одржливиот регионален раст.
Раководството на УКЛО КОЛОРС упати посебна благодарност до нашиот академски и експертски кадар, како и до студентските претставници кои ја внесоа својата огромна енергија во оваа Алијанса, како и до извонредните асоцирани партнери коишто се секогаш десната рака на универзитетот и алијансата. Основата е веќе поставена од 2022, првите две години го докажаа нашиот капацитет, а сега е време да ја изградиме целосната архитектура, да се искачиме на повисоко ниво, да ја олесниме институционалната промена, или, како што тоа менаџментот на УКЛО КОЛОРС го нарекува – да ја овозможиме метаморфозата. Индивидуалните потенцијали и трасираните зачетоци на современите високообразовни елементи се тука. Сега е време да видиме каде и како можеме колективно да се промениме. Така, нашите студенти ќе можат да одлетаат со своите крилја, но и да се вратат назад за да опрашуваат.
(Комерцијална објава)