X
 12.07.2022 Култура

„Девојче на сликата“ е највознемирувачки вистински крими-документарец на „Нетфликс“

Гледачите на „Нетфликс“ велат дека се прилично вознемирени и огорчени по гледањето на најновиот крими-документарец кој ги следи монструозните злосторства на Френклин Делано Флојд и 6-годишното девојче кое тој го киднапира, го претставуваше како свое дете и потоа се ожени со него.

Документарецот за брзо време стана број еден во Велика Британија и влезе меѓу првите десет најгледани во САД.

Повеќе од 30 години, убиецот и силувач Флојд вршел серија грозоморни злосторства - вклучително и ограбување банка, киднапирања, сексуални напади и повеќекратни убиства.

Криминалецот бил професионалец за бегство од законот - постојано се преселувал од држава во држава, менувал идентитет, а еднаш избегал и од затвор.

Еден од неговите најлоши престапи се случил пред повеќе од 20 години, во 1975 година, кога киднапирал четири деца од жена со која се оженил, користејќи лажно име.

Флојд ги пуштил трите деца да си одат, но го задржал девојчето Сузан Севакис, кое го одгледал како своја ќерка, но продолжил да прави злосторства. Тој на крајот ја принудил Сузан да се омажи за него, пред да стане главен осомничен за нејзината смрт.

Конечно бил уапсен во 1994 година и осуден на смртна казна, но дури откако бил зад решетки, полицијата го открила вистинскиот идентитет на девојката за која се мислеше дека е негова ќерка, а подоцна и негова сопруга.

Твитер-корисниците беа шокирани од вистинскиот крими-документарец.

- „Девојче на сликата“ е апсолутно една од најстрашните, најболните и најзастрашувачките работи што сум ги гледал. Немам зборови - напиша еден твитер-корисник.

- Гледајте го „Девојче на сликата“ на „Нетфликс“. Овој документарец веројатно е една од најтажните приказни за кои сум слушнал - вели друг.

Извор: Daily Mail
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура