X
 03.11.2016 Култура

Седум познати личности кои одбиле Оскар

Повеќето лица во филмската индустрија се сладат кога ќе слушнат Оскар. Всушнот, многу од нив се обидуваат во текот на целата кариера да ја заслужат честа и да бидат добитници на златната статуетка. Но, една група на филмски работници ја има одбиено наградата, а не ни присуствувале на церемонијата.

1. Дадли Николс


Ова е првиот човек кој одбил Оскар. Ја добил наградата за најдобро сценарио за „The Informer“ (1935). тој ги бојкотирал Оксарите заради судир помеѓу Академијата и “Writer’s Guild“. Од „Los Angeles Times“ објавиле дека Николс дури и ја вратил статуетката кога Академијата му ја испратила, бидејќи не ни присуствувал на церемонијата. Кога ја враќал наградата испратил и писмо во кое пишувало „ако ја примам наградата, им вртам грб на околу илјада членови кои вложиле толку многу за создавање на вистинска организација на писатели.

 
2. Кетрин Хепбурн



Познатата актерка била номинирана за 12 Оскари и добила 4 во текот на кариерата. Сепак, таа не била фан на церемонијата и никогаш не присуствувала на истата. Се појавила во 1974-та година, во улога на презентер. За време на церемонијата изјавила : „Среќна сум што не слушнав некој да рече – Време беше. Јас сум жив доказ дека една личност може да чека 41 година за да биде несебична.“

 
3. Џорџ Ц. Скот


Во 1970-та година Џорџ ја обил наградата за најдобар актер во „Patton“ (1970), филм за Втората светска војна во кој тој ја игра улогата на генералот Џорџ Патон. Не само што ја одбил наградата, туку и упатил навреда велејќи дека церемонијата е „двочасовна месна парада, јавен приказ со измислена неизвесност, од економски причини“. И покрај ваквата случка, тој повторно бил номиниран следната година за неговата улога во „The Hospital“.

4. Питер О’Тул 


Номиниран 8 пати, секогаш во категоријата за најдобар актер, но никогаш не добил. Во 2003-та година била донесена одлука за доделување на почесен Оскар, заради неговиот „извонреден талент кој придонел за развој на кинематографијата преку неговите незаборавни улоги“. Актерот ја одбил наградата и испратил писмо до Академијата во кое пишувало : „Се уште сум дел од играта и можеби ќе ја добијам награта. Би можела ли Академијата да почекам додека да наполнам 80 години?“. Тогашниот претседател на Академијата Френк Пирсон, му одговорил дека и актери како Пол Њуман и Хенри Фонда добиле почесен Оскар и потоа добиле и Оскар за одредена улога. Потоа Питер О’Тул дошол на церемонијата и ја прифатил наградата, која му ја врачила Мерил Стрип, на што рекол : „Секогаш деверуша, никогаш невеста! Сега имам мој личен Оскар, кој ќе биде со мене се додека смртта не не раздели. “

5. Марлон Брандо



Брандо ја одбил наградата во 1973-та година за својата улога во „The Godfather“. Тој рекол дека нема да присуствува на церемонијата и ја испратил актерката и претседателка на Националниот комитет на американските староседелци, Сашин Литлфедер. Таа на сцена прочитала писмо во кое пишувало : „Го застапувам Марлон Брандо вечерва и тој ме замоли да ви пренесам..жали што не може да ја прифати наградата. А причината за тоа е третманост кој го добиваат Американските Индијанци во филмската индустрија.“ Тој сметал дека Индијанците не се почитувани, а со тоа што замолил претставник на тој народ да зборува наместо него, овозможил нивниот глас да се слушне и да се покрене свеста за проблемот. Оваа случка се смета за еден од најмоќните моменти во Оскаровската историја.

 
6. Вуди Ален



Вуди Ален никогаш не се појавил на церемониите на кои тој бил номиниран. Се појавил самов о 2002 година, неколку месеци по нападите од 11-ти септември во Америка. Неговата задача таа вечер била да презентира филмови кои биле снимани во Њу Јорк, потсетувајќи колку „Големото јаболко“ е прекрасно за снимање филмови. Што се однесува до регуларното доделување на наградите тој смета дека ваквите церемонии немаат поента. Тој вели : „Мислам дека не знаат баш што прават. Кога ќе видите кој ги добива тие награди, или не ги добива, сфаќате колку неважен е Оскарот“.

 
7. Жан-Лук Годард


Во 2010-та година, Академијата му додели на Годард почесен Оскар. Но, од Академијата со месеци се обидувале да го контактираар, но никогаш не добиле одговор. Подоцна, кога го прашале во интервју, што значи за него почесниот Оскар тој одговорил : „Ништо. Ако на Академијата и се допаѓа, нека го направат тоа. Но, јас сметам дека е чудно. Се прашувам себеси – кои од моите филмови тие ги имаат гледано? Дали ги знаат навистина моите филмови? Наградата се нарекува „ The Governor’s Award“. Дали тоа значи дека Шварценегер ми ја доделува наградата?“

Во истото интервју тој додал дека друга причина зошто не присуствувал на церемонијата е тоа што не поседува виза за САД и не сака да аплицира за истата. „Не сакам да летам толку долго“, рекол Годард. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура