X
 12.10.2015 Наука

Психолошки навики кои ја убиваат вашата самодоверба

Се борите против сомневањето во себеси и сакате да ја зајакнете вашата самодоверба? Се фокусирате на тоа да ги задоволите другите и да им удоволите наместо да ги следите вашите соништа?

Најдобриот начин да се чувствувате подобро во врска со самите себеси е да внимавате на автоматските ментални и емоционални навики кои воопшто не ви помагаат во животот, а потоа да пронајдете нешто што ќе ве зајакне. Она што треба да го направите е да ги исфрлите навиките кои ја убиваат вашата самодоверба.

Чувство на вина

„Изеди ја целата храна од чинијата, децата во Африка немаат што да јадат“. „Јас работам од утро до мрак, за ти да имаш што да облечеш, а ти се жалиш?“ „Во мое време...“, ова се добро познати реченици кои ги слушаме или кажуваме постојано. Се чини дека вината е емоција што често сме ја чувствувале во детството. Како возрасни, оваа порака сме ја претвориле во чуство дека не сме направиле доволно. Вината е корисна на пример кога размислуваме дали сме направиле нешто што би ги повредило другите. Но, премногу вина која ја чувствувате може да ве осакати и може да ве спречи во уживањето во животот. Учете од грешките и чувствувајте се вредни поради сите добри работи кои ви ги дава животот.

Чувството дека постојано грешките

Кога гледате низ стаклото на неуспехот, тоа ќе влијае врз вас такашто нема да ги забележите вашите успеси. И овој начин на размислување има корени во детството и растењето со доста критични родители. Исто така, може да биде резултат од разочарувањето како што е развод, долг, невработеност... Новите можности се да започнете повторно и да си дадете себеси шанса да научите од претходните грешки.

Перфекционисти сте

Ако самите себеси си сте најголемиот критичар, тогаш веројатно сте перфекционист. Истражувањата покажуваат дека перфекционистите се склони кон депресија, анксиозност, па дури и самоубиство. Поентата е да се сакате себеси и тогаш кога ќе згрешите, бидејќи никој не може постојано да биде добар во се` што прави. За да се спасите од самокритиката, исфрлете ја реченицата „треба да...“ како и црно-белиот поглед кон светот. Дајте си себеси шанса да се обидете. Прекинете да ги гледате грешките како катастрофа. Поставете си граници, немојте постојано да го преиспитувате и проверувате она што го работите. Секогаш гледајте ја поголемата слика.

Постојано жалите за нешто

Жалењето за нешто е негативна состојба која ја вклучува вината како лош резултат, чувството на губење и тага за она што би можело да биде. Жалењето може да биде добро доколку е конструктивно - од него нешто ќе научите но и да ве натера да промените нешто. Ако сте зависни од нешто, жалењето може да ве натера да ја оставите оваа лоша навика.

За да избегнете да ви стане навика, користете стратегија која ќе ви помогне да се фокусирате на сегашните моменти. Во тој прилог оди и цитатот: „Секој ден повторно се раѓаме. Она што денес го правиме е најважно“.

Постојано се споредувате со другите

„Споредувањето е крадец на среќата“ - Теодор Рузвелт

Се споредуваме со оние кои се подобри и полоши од нас. Проблемот е што не знаеме што има позади невидливиот дел од животот на личноста со која се споредуваме. Што значи дека кога ќе се споредите - вие го споредувате она што е во вас, со она што го гледате кај другите, односно нивната „надворешност“. И родителите се склони кон споредување на своите деца со братот или сестрата или другарите. Најдоброто споредување е со самите себеси. Споредете го она што го правите или знаете денес  со она што сте го правеле или сте го знаеле минатиот месец или година. Ваквиот начин на споредување ги зема во предвид вашите индивидуални можности.

Постојано им удоволувате на другите

Ваквото однесување доаѓа од тоа што сакаме сите да не` сакаат и поради тоа што го преценуваме туѓото мислење. Тоа не` чини време, енергија и самодоверба. Психолозите сметаат дека ваквото однесување има корени од детсвото кога како деца сме се обидувале да им удоволиме на нашите нарцисоидни или проблематични родители. На подлабоко ниво, мозокот може да се поврзи со удоволувањето на другите за да не се налутат и да ве повредат и емотивно и физички. Удоволувањето може да биде резултат на поголема чувствителност поради одбивањето и обидот сето тоа да се избегне. Престанете да се опкружувате себеси со „енергетски вампири“ и со луѓе на кои постојано нешто им е потребно и гледајте малку за вас.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука