X
 12.10.2016 Култура

Колку заработувале фудбалерите во 1965 година?

Во едни минати времиња, фудбалот бил спорт што се играл со љубов, многу поедноставен отколку што е денес, а и парите не биле доминантни.

За жал, одамна веќе „најважната споредна работа на светот“ стана профитабилен бизнис каде освен главните актери – фудбалерите и клубовите – заработуваат и многу други лица поврзани со трансферите, но и со споредни работи околу кои се вртат парите во фудбалот.

Легендарниот Сер Алекс Фергусон на залезот на својата величествена кариера ги означил менаџерите како најголемото зло на модерниот фудбал, заедно со лакомите  родители чии интереси најчесто се совпаѓаат со овие првите. Се разбира, на штета на младите фудбалери.

Многу време пред парите да се вмешаат во современиот фудбал, заработката на играчите била смешна за денешните услови. Доказ за тоа е и договорот што неодамна се појави на социјалните мрежи, а кој во 1965 година го склучиле Манчестер Јунајтед и Патрик Дан.

Дан, кој почина пред неколку години, беше ирски голман кој беше доведен на Олд Трафорд од ирскиот клуб Шамрок Роверс. По завршувањето на првата сезона, Манчестер Јунајтед му понудиле двегодишен договор според кој неговата заработка изнесувала 35 фунти неделно. За тоа време, тоа била одлична плата, затоа што англиските фудбалери во 1965 година во просек заработувале 19 фунти седмично.

Значи, на годишно ниво, Пат Дан заработувал 1820 фунти или нешто повеќе од 2000 евра. За денешни услови – смешен износ...
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура