X
 12.11.2020 Забава

Кој лик од серијата „Пријатели“ најмногу пиел кафе?

Ликовите од серијата „Пријатели“ честопати беа прикажувани како уживаат во шолја кафе. Токму затоа еден обожавател пресметал колку кафе се консумирало во текот на серијата.

Ситкомот на Ен-би-си, создаден од Дејвид Крејн и Марта Кауфман, дебитира во 1994 година и прерасна во феномен на поп-културата. Беа снимени 10 сезони со вкупно 236 епизоди што им дадоа основа на ликовите: Моника, Рејчел, Рос, Чендлер, Фиби и Џои.

Во текот на серијата шесте главни лика често го минуваа времето во локалното кафуле „Централ перк“. Кафулето беше блиску до станот на Моника, Џои и Чендлер, кои живееја во Грин Вилиџ, Њујорк.

Врз основа на важноста на кафето во животот на ликовите, блогерот Кит Ловлејс пресметал колку кафе испил секој лик од серијата. Тој ги споделил неговите откритија во форма на организирани графикони. Како што открива, ликовите испиле 1.154 шолји кафе во текот на 10. сезони, односно 115 шолји во секоја епизода. Тој отишол чекор понатаму во однос на истрагата за консумирање кафе и открил дека Фиби е таа што пие најмногу кафе, и покрај претпоставката на гледачите дека Чендлер е зависник од кофеин.

Во 236 епизоди Фиби испила 227 шолји кафе, што е речиси една шолја по епизода. Следен е Чендлер со 212 шолји кафе, Моника со 198, Џои 191, Рос 188 и Рејчел, со најмалку испиени шолји кафе - само 138, иако таа најдолго време работеше во „Централ перк“.

Што се однесува до најмногу потрошени пари за кафе, под претпоставка дека една шолја чини околу 1,50 долар, Ловлејс пресметал дека групата потрошила повеќе од 2.000 долари. Очигледно Фиби потроши највисока сума од 356,40 долари.

Друг интересен аспект за консумирањето кафе во „Пријатели“ беше промената на нивните навики со текот на времето. Рејчел почна да пие многу повеќе кафе откако се откажа од работата во „Централ перк“. Додека повеќето од ликовите ги менуваа навиките поврзани со кафето, групата како целина почна постепено да го намалува консумирањето. Всушност, најмалку кафе пиеја во 10. сезона, докажувајќи дека биле зафатени со други аспекти во животот.

Извор:  Screenrant.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава