X
 04.01.2024 Култура

Нови сезони од популарни серии кои ќе пристигнат во 2024 година

Минатата година гледавме многу добри серии, а оваа година пристигнуваат продолженија кои со нетрпение ги чекаме. Еве што нѐ очекува во 2024 година.

Трета сезона на „Бриџертон“

Третата сезона на серијата „Бриџертон“ ќе биде објавена во два дела на „Нетфликс“. Првиот дел ќе излезе на 16 мај, а вториот ќе пристигне на 13 јуни. Во фокусот на оваа сезона ќе биде љубовната приказна помеѓу Пенелопи Федерингтон и Колин Бриџертон.


Петта сезона на „Почудни нешта“

„Почудни нешта“ е серија која ги освои обожавателите низ светот. Во најновата сезона се најавува враќање на корените на омилените ликови. Ова ќе биде последна сезона од серијата.


Четврта сезона на „Емили во Париз“

Популарната серија предизвика различни реакции кај публиката и критичарите, но факт е дека има многу обожаватели. Во новата сезона може да очекуваме нови заплети, особено кога станува збор за љубовните парови во серијата.


Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура