X
 12.12.2018 Технологија

Нова функција на „Инстаграм“

Една од најпознатите социјални мрежи, „Инстаграм“, доби уште една корисна функција која одамна ја има на другите апликации, а тоа е гласовната порака.

Исто како и кај некои други апликации, така и на „Инстаграм“ функцијата можете да ја најдете кај сите разговори, вклучително и групните разговори. Само притиснете и држете на микрофончето што ќе го видите кога ќе ја отворите пораката и можете да снимите порака и да им ја испратите на вашите пријатели. Тие, пак, можат да ја преслушаат пораката кога и да посакаат.

Доколку во вашите пораки нема микрофонче, само апдејтирајте си ја апликацијата и тоа ќе се појави.

Функцијата сега е достапна во целиот свет, како за „Андроид“, така и за iOS.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија