X
 12.12.2018 Култура

„Тајм“ - Новинарите „чувари на вистината“ се прогласени за личност на 2018 година

Убиени и затворени новинари наречени „чувари“ се именувани за личност на 2018 година од магазинот „Тајм“, кои биле цел поради нивната работа оваа година. Меѓу нив е и Џамал Кашоги, кој беше убиен во саудиската амбасада во Турција.

Меѓу наградените се редакцијата на „Капитал газета“, американскиот весник каде што петмина беа убиени, Мариа Реса од Филипините и сопругите на новинарите од „Ројтерс“, Ва Лоне и Кјав Сое Оо.

„Тајм“ наведува дека тие се избрани поради тоа што се изложиле на голем ризик во барањето на вистината, несовршените, но клучни истражувања на фактите и затоа што се бунеле.

magazin
Фото: TIME


Кои се новинарите?


Џамал Кашоги беше познат новинар и жесток критичар на лидерите на Саудиска Арабија. Исчезна во октомври во Истанбул, а последен пат е виден како влегува во саудискиот конзулат.

Многумина сметаат дека е убиен по наредба на саудискиот принц, престолонаследник на Мохамед бин Салман, кого Кашоги доста го критикувал.

Кашоги живеел во САД во егзил, а отишол во Истанбул за да ги среди документите за венчавка со својата свршеница од Турција

Новинарите од „Капитал газета“

На 28 јули вооружен маж влезе во редакцијата на „Капитал газета“ во Анаполис, во сојузната држава Мериленд, и убил пет луѓе. Напаѓачот имал долгогодишен конфликт со весникот - уште во 2012 година неуспешно го тужел поради клевета.

Останатите новинари и покрај сѐ, наредниот ден работеле на паркингот и го пуштиле во продажба новиот број. Во тој број ги објавиле и некролозите на нивните колеги, додека воведниот дел останал празен, со порака дека останале без текст

Марија Реса и Раплер


Поранешната новинарка на Си-ен-ен во 2012 година на Филипините ја основала веб-страницата „Раплер“, која стекнала добра репутација поради истражувачкото новинарство.

Веб-страницата отворено го критикува филипинскиот претседател Родриго Дутерте и ја испитува точноста на неговите изјави, особено околу контроверзната војна против дрогата. Неколку месеци по изборите во 2016 година, „Раплер“ објави детален извештај за ботовите и лажните фејсбук-профили користени за ширење на пораките на Дутерте.

Дутерте потоа им забрани на новинарите да влезат во канцелариите на „Раплер“, а во јануари, „Раплер“ остана без дозвола за работа, што предизвика бурна дебата во земјата за слободата на медиумите.

Марија Реса и нејзината веб-страница се обвинети за избегнување плаќање данок.

Ва Лоне и Кјо Сое Оо

Новинарите на „Ројтерс“, државјани на Мјанмар, во септември беа осудени на седум години затвор поради кршење на законот за државни тајни.

Сѐ започнало откако нивното истражување од септември 2017 година, поврзано со злосторствата на мјанмарската војска, кога биле убиени десет Рохинџа муслимани. Двајцата новинари беа уапсени во декември 2017 година, кога со себе имале официјални државни документи за овој случај. Документите претходно им ги доставиле на двајца полицајци. Тврдеа дека се невини и дека полицијата ги наместила.

Кој друг бил личност на годината?

„Оние што ја прекинаа тишината“ - мажите и жените што јавно прозборуваа против сексуалното насилство беа личности на годината за 2017 година според „Тајм“.

Традицијата започна во 1927 година, а во опис на личност на годината се наведува дека личност на годината е оној што „на подобро или полошо... најмногу влијаел врз случувањата во таа година“.

Магазинот главно избира поединци, но награди добија и одредени групи.

Личност на годината беше и планетата Земја и „ти“ - а насловната страница личеше на огледало, како приказ за придонесот на секој од нас за информациите на интернет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура