X
 11.10.2020 Наша тема

Ковид-предизвик на студено, факултети на крстопат, развој во Македонија низ окото на Илија Петковски, учебната година низ приказни... Што пишувавме неделава?

Како се чувствуваат средношколците во врска со онлајн-наставата, што го натера Илија Петковски - магистер по геологија на „Сорбона“, по кариерата во Франција и Брегот на Слоновата Коска да се врати во Македонија, под какви протоколи неделава започна вселувањето на студентите и учениците во државните домови, што нè очекува со вирусите есенва и зимава...



Полни ходници меѓу два часа. Врева, разминување, брзање кон кабинетот, случаен поглед со симпатијата за која никој не знае. „Ми се насмевна или ми се причини?“ Голем одмор – 15 минути во кои се случуваат милион работи што не се учат на час... Сето ова го има само за мал број средношколци оваа година. Учебната 2020/2021 за најголем дел од средношколците во Македонија почна онлајн поради пандемијата на Ковид-19. Засега, вообичаениот почеток во школските клупи е одложен. До кога, зависи од епидемиолошката состојба.


Илија Петковски

Дипломирал и магистрирал геологија на „Сорбона“ во Париз, работел во Франција и Брегот на Слоновата Коска и по 20 години решил да се врати во Македонија. Сретнал многу луѓе низ светoт, но не сретнал човек кој длабоко во себе не копнее по местото каде што се родил. Смета дека професионално се реализирал и сега може да живее од страста од детството - кучињата. Ова е инспиративната приказна на Илија Петковски од Скопје, кој својата татковина - земја во развој - ја гледа од еден сосема поинаков агол.

На 6 октомври пред точно 71 година се одржал првиот час на најстарата образовна институција од областа на градежништвото, геодезијата и техниката во нашата земја –Градежниот факултет во Скопје. По повод годишнината се одржа видеопрослава на која гостуваа министри, ректори, професори, пријатели на факултетот.


Помина една недела од почетокот на учебната година, која за најголем дел од учениците во државата се одвива на далечина. И професорите и учениците секојдневно се соочуваат со предизвици, но ги решаваат во од. Потешко им е на оние училишта што се наоѓаат во помалите градови и села бидејќи во многу од нив има проблем со недоволна покриеност со интернет, а има и ученици што немаат уреди за да ја следат наставата.

Во гимназијата „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица учат само 146 ученици во сите четири години. Иако училиштното раководство барало, не добило дозвола за организирање настава со физичко присуство.
Помина една недела од почетокот на учебната година, која за најголем дел од учениците во државата се одвива на далечина. И професорите и учениците секојдневно се соочуваат со предизвици, но ги решаваат во од. Потешко им е на оние училишта што се наоѓаат во помалите градови и села бидејќи во многу од нив има проблем со недоволна покриеност со интернет, а има и ученици што немаат уреди за да ја следат наставата.

Ако претходно велевме „ќе помине“, сега покачена телесна температура над 37,5 е првиот симптом што веднаш ќе ви го измести секојдневието и ќе ве стави на мисла дека можеби сте позитивни на Ковид-19. Истовремено ќе се преиспитувате дали чувствувате уште некој друг симптом и на секое шмркање или поткашлување ќе бидете со една нога кај матичниот лекар. Но што кога со заладувањето на времето ќе се намножат вирусните и бактериските инфекции, па ќе се појави и вирусот на грип? Како може да се разликуваат настинка, сезонски грип. За ова разговаравме со лекари, микробиолози, како и со Министерството за здравство.



Краткиот документарен филм „Здравјето на конец“ зборува за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат текстилните работници во време на пандемијата. Филмот е во продукција на дигиталната платформа „Види вака“.

Борјан Ефтимов

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се наоѓа пред многу едноставен избор – крстопат меѓу дигитализација и деградација, пишуваше Борјан Ефтимов, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Фрустрирачки се глетките од редици пред студентски прашања, непотребните бирократски процедури за обично уверение или, пак, импровизираниот начин на далечинско учење.


Елизабета Секирарска

Денешново писание ќе го започнам со една приказна, реално доживеана и искрено, мачно преживеана од моја страна и како родител и како наставник. Мачно, затоа што сведочев на сцена од современието, во која група деца се актери во сценарио испишано од родителите, а допишано од деформираните општествено-социјални модели на однесување, сеприсутни во современиот начин на живот, пишуваше професорката Елизабета Секирарска во нејзината колумна. 


Под посебни ковид-протоколи, во понеделникот започна вселувањето на учениците и студентите во државните домови. Сите студентски домови во Скопје по протокол имаат 2.080 легла, а примени се вкупно 1.614 студенти, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ викендов. Вкупниот капацитет

на Државниот студентски дом - Скопје е 1.396. По списоците објавени на 1 октомври во објектите на ДСД треба да се вселат 1.165 студенти, вели Дарио Николовски, директор на ДСД.

Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевт (фото: Бојан Стоилковски)

Корона-пандемијата го конфронтира светот и донесе загуби кај сите возрасни категории, предизвици на многу нивоа, а фокусот на менталното здравје сега е поважен од кога било. Стресот, тагата, промените и хроничната егзистенцијална неизвесност донесоа очекуван бран на дестабилизација на психолошката состојба кај многу граѓани. Пролонгираниот стрес, социјалната изолираност и потребата од огромни долготрајни адаптации си го земаат својот данок, а најважната работа во овој период е грижата за психо-физичко здравје и за здравјето на најблиските, вели м-р Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевт во „Неокортекс“, центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација.


Александар Тодески

Александар Тодески 12 години е актер во Прилепскиот театар. Во изминатите осум години тој е ентузијастички посветен на пчеларството. За пчелите научил од татко му, Најдо Тодески, исто така актер, кој чувал пчели уште пред 30 години. Тодески вели дека од татко му многу научил, но за пчелите и многу читал. Вели, за да станеш искусен пчелар, потребни се време, посветеност и најважно од сѐ, не треба да бидеш алергичен на убод од пчели!


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема