X
 13.01.2017 Здравје

Д-р Бранимир Несторовиќ: Природните лекови против вируси се подобри од било кој лек

Професор д-р Бранимир Несторовиќ за Зелена учионица на темата грип, вируси, природни лекови и за тоа дали има некаква придобивка од вакцинирањето на децата против грип.

- Грипот е популарна болест. Минатата година донесе резултати од нови истражувања кои го променија нашето мислење за грипот. Иако сигурно многу пати во животот сте помислиле дека имате грип, во повеќето случаи не било така. Само еднаш во десет години можете да заболите од грип. Отприлика 4-5 во животот. Сè останато се болести кои личат на грип.

Зборувајќи за тоа како вирусите се шират и опстојуваат на ниски температури, доктор Несторовиќ вели дека вирусите имаат заштита која ги штити во текот на зимата, а на температура под нулата можат да преживеат до половина час. На лето, можат да преживеат дури 10 часа. - Ако некој се искашла и го земе весникот, а во наредните 10 часа и вие ќе го земете весникот, можете да се разболите - вели тој.

- Најдобри во борбата против вирусите се сокот од црн бозел, свежото црвено овошје и превентивната употреба на цинк -  вели доктор Несторовиќ.

lek
Фото: Pixabay

Кога станува збор за децата и високите температури, тој вели дека ако дете е добро и расположено, а има температура, тоа е безначајно. Ако детето е нерасположено, му се спие, лежи, изгледа лошо, веднаш да се обратите на доктор, а претходно да се обидете со антипиретици и разладување да ја симнете температурата.

- Се покажа дека еден куп природни лекови имаат одличен ефект. Конкретно, одличен е бозелот, односно сокот од црниот бозел. Во Израел, група на научници покажале дека бозелот е осум пати подобар во борбата против грип од било кој друг лек. Но само како сок, бидејќи ако се консумира поинаку би можел да биде отровен. Сокот можат да го консумираат и бебињата -  советува Несторовиќ.

- Исто така, црвеното овошје содржи антоцијани, супстанции кои се врзуваат и спречуваат вирусот да влезе во клетката. Аронијата, боровинката, рибизлата, малината -  ова се антивирусни лекови и најдобар вид на превенција. Освен тоа, Американската академија за семејна медицина препорачува превентивна доза на цинк во мали дози - 5 до 7 милиграми за деца, 10 до 15 милиграми за возрасни, од октомври до април. Ова е одлично како превенција и лекување на респираторни инфекции. Цинкот го стимулира имунитетот и ги блокира рецепторите каде што се врзуваат вирусите, но и бактериите. Го зазема нивното место и спречува тие да се врзуваат. Децата кои земаат цинк докажано имаат пет пати поретко дијареа, три пати поретко инфекции и повисок коефициент на интелигенција, а и подобро растат и се развиваат - вели докторот.

На прашањето дали децата треба да се вакцинираат против грип, тој вели дека проблемот со вакцини е двоен. Минатата година е објавен труд во кој се тврди дека кај најризичните категории за развој на респираторни инфекции (малите деца и постарите), вакцините најслабо делуваат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје