X
 15.05.2015 Образование

Студенти мора да се соблечат голи за да положат испит

Секој универзитетски професор има свои барања и идеи за водење на наставата, но овој професор по визуелни уметности од Универзитетот во Сан Диего сепак оди чекор подалеку.


Секој од нас имал некој чуден професор или наставник чии барања биле дури бизарни. Се чини дека ниту еден не го надминува Рикардо Домингез. Тој е професор на Универзитетот во Сан Диего веќе 11 години. Тој е познат по контроверзниот живот кој го води, но тоа се обидува да го пренесе и на своите предавања. Тој од своите студенти бара и нешто што во некои земји веројатно е нелегално.

Имено, професорот ги принудува своите студенти да се соблечат голи и да изведат телесен гест кој најдобро го опишува нивниот род, нив како уметници и како луѓе за оцена. Самиот професор се соблекува со нив.


Овој „испит“ е задолжителен за да се добие преодна оцена по предметот. Срамежливоста и современата уметност и така не одат заедно.

Во текот на последните 11 години, никој од студентите не го критикувал овој метод, сè додека мајка на студент не открила за него. Домингез и сега тврди дека се работи за ослободување и дефинирање на уметничката форма, а не прикриена порнографија или било каква перверзија.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование