X
 26.01.2023 Култура

Натпреварувач во реалното шоу „Игра со лигни“ открива дека снимањето е како воена зона

Натпреварувачите во претстојното реално шоу на „Нетфликс“, инспирирано од „Игра со лигни“, се пожалиле дека снимањето наликува на воена зона.

Минатата година „Нетфликс“ го одобри снимањето на реалното шоу „Игра со лигни: предизвикот“, базирано на корејската серија „Игра со лигни“. Како и во серијата, 456 учесници во реалното шоу ќе се натпреваруваат во помалку опасни игри инспирирани од оние во серијата. Победникот ќе добие награда од 4,56 милиони долари.

Меѓутоа, светските медиуми известуваат дека барем еден натпреварувач бил повреден за време на една игра во реалното шоу. Продуцентите и „Нетфликс“ го негирале ова и изјавиле дека на снимањето немало сериозни повреди.

- Се грижиме за здравјето и безбедноста на нашите вработени и екипата и инвестиравме во сите соодветни процедури за безбедност. Иако беше многу студено на снимањето, а учесниците беа подготвени за тоа, сите тврдења за сериозни повреди не се точни - изјавиле од „Нетфликс“.


Снимањето на реалното шоу почна оваа седмица во Англија. Температурите во текот на првите денови биле околу 0 Целзиусови степени. 

- Беше како воена зона. Се носеа луѓе со брза помош, но не можевме да кажеме ништо. Ако зборуваш, излегуваш од играта. Некои луѓе не можеа да ги мрдаат стапалата бидејќи беше многу студено - изјавил еден натпреварувач за медиумот „Сан“.

Друг натпреварувач открил дека натпреварувачите биле соодветно облечени за студеното време.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура