Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во средните училишта за учебната 2025/2026 година.
Пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Првото пријавување трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг-листи по двете пријавувања училиштата ќе ги објават на 2 јули.
Како и во изминатите учебни години, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната година процесот целосно да се дигитализира.
Конкурсот со слободни места е објавени на овој
линк.