X
 10.08.2020 Образование

Зголемен интерес за запишување во ЈИЕУ - Акредитирана архитектура и дизајн

Интересот на студентите да се запишат во студиски програми на Универзитетот на Југоисточна Европа е доста задоволителен, велат од студентската служба. Интерес за запишување има за сите студиски програми, а особено за новите акредитирани програми.

Идните студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа првпат во новата академска година ќе имаат можност да изберат да студираат Архитектура и дизајн и да се стекнат со квалификација магистер на науки во архитектура и дизајн.

Оваа студиска програма е акредитирана и се нуди на Факултетот за современи науки и технологии и е петгодишна програма, а на крајот на студиите дипломираните студенти се квалификувани и може да обезбеди функционални и естетски решенија за архитектонски објекти, со различни функции, преку употреба на современи материјали, мебел, бои и светлина, согласно потребите за градба и дизајн.

- Оваа студиска програма беше дизајнирана и им се нуди на потенцијалните студенти по долгото проучување на потребите на пазарот на трудот и барањата за постдипломски студии за овој професионален профил. Ние реализиравме анкети, ги анализиравме барањата и ги создадовме условите и за просторните капацитети и наставниот кадар со цел да го обезбедиме најдоброто за студентите - вели деканот на Факултетот за современи науки и технологии, проф. д-р Адриан Бесими.



Програмата Архитектура и дизајн има квалификуван академски кадар од земјава и од странство, архитекти и дизајнери со многу активна кариера, како во наставните така и во архитектонските проекти.

- Универзитетот има современа работна средина, како и современи лаборатории и опрема, кои им овозможуваат на студентите да ги совладаат потребните вештини за професијата што ќе ги практикуваат во иднина. Во соработка со локалните бироа за дизајн, ќе ги ангажира студентите во практична работа со цел да ги применат знаењата стекнати од предавањата и да добијат нови практични искуства - вели Бесими.

Студентите што дипломираат на оваа област ќе имаат можност да бидат вработени во приватниот и јавниот сектор, вклучително и: студио за архитектонски дизајн, или градежни компании, студио за дизајн на ентериер, ниво на локална самоуправа, од општини и до окрузи и региони, локални и странски институции за научно истражување, на кои главен фокус им е полето на архитектурата, градежништвото и дизајнот. Дипломираните студенти можат да бидат вработени како наставници во институции и технички училишта за архитектура, градежништво и дизајн.

Универзитетот на Југоисточна Европа го објави Конкурсот за запишување студенти во новата академска година, во кој во првиот циклус се нудат 20 студиски програми, во вториот циклус 27 студиски програми и 11 студиски програми во третиот циклус на студии. Според Конкурсот за запишување студенти, во трите циклуси на студии на пет факултети (Факултет за современи општествени науки, Факултет за современи науки и технологии, Факултет за јазици, култури и комуникација, Факултет за бизнис и економија и Правен факултет) се очекува да се запишат околу 1.300 студенти во Кампусот УЈИЕ во Тетово и во Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование