X
 13.08.2019 Наука

Епохално откритие на руски палеонтолози

На Таманскиот Полуостров, најголемиот полуостров во краснодарскиот крај и на целиот југ од европскиот дел на Руската Федерација, палеонтолозите имаа повеќе драгоцени пронајдоци, вклучувајќи ги и остатоците од најмалку 120 големи праисториски животни, но и дел од стела од петтиот век пред новата ера.

- Пронајдовме остатоци од десетина слонови и три древни носорози, но најинтересниот пронајдок беше речиси целиот череп од кавкаски носорог - истакна Вадим Титов, водечки истражувач од Јужниот научен центар на Руската академија за науки.

Важноста на пронајдокот е во тоа што черепот е многу подобро зачуван од претходно пронајдените, што е многу значајно со оглед на геолошкиот период од кога потекнува, додава Титов. Претходниот што го пронашол тимот од палеонтолози во вулканското блато бил во многу лоша состојба.

Откриениот череп потекнува од плеистоценската епоха и е стар меѓу 1,2 до 14 милион години. Тој е долг 1,5 метар и Титов верува дека тоа значи дека овој носорог бил долг околу 4,5, а висок околу 3 метри.

Черепот е однесен во музеј во Азов за да се конзервира и реставрира.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука