X
 11.11.2015 Живот

Колку чини руската интервенција во Сирија?

sirija 

 

Економијата на Русија е погодена со повеќемесечните меѓународни санкции поради кризата во Украина и падот на цената на енергенсите на светскиот пазар, а нов удар се и високите трошоци за интервенција во Сирија.


Аналитичарите и експертите велат дека Москва во операциите во Сирија во изминатите три недели потрошиле меѓу 80 и 115 милиони долари.

Аналитичарот од Меѓународниот центар за економски истражувања, Алекс Кокчаров тврди дека Русија за воени операции во Сирија, во периодот од 30 септември до 20 октомври оваа година потрошила меѓу 80 и 115 милиони долари.

„Нашите проценки за трошоците во врска со интервенцијата во Сирија се однесуваат на период од 20 дена. Реалните трошоци на сите воени активности се значително поголеми“, вели Кокчаров.

Истакнувајќи дека зголемените трошоци можат да предизвикаат нов удар за економијата во Русија, Кокчаров го критикуваше и претседателот Владимир Путин дека Москва ја води кон изолација.

Според податоците на Меѓународниот центар, трошоците за руските воени операции како и воено присуство во Сирија чинат меѓу 2.4 и 4 милиони долари.

Од друга страна, експерт од Институтот за воено-политички истраувања во Москва, Сарбатуло Содиков тврди дека трошоците на руските операции во Сирија не се на ниво што би можеле да ја загрозат економската стабилност во земјата.

„Русија, како и останатите земји со развиена воена индустрија, произведува сопствено оружје и муниција. Овие производи не се користат бидејќи нема војна и после истекувањето на нивниот рок на траење тие се уништуваат“, вели Содиков.

Основачот на партијата 5 октомври Серге Давидис смета дека се неизбежни рефлексиите на руската интервенција во Сирија за економскиот систем на Русија.

„Цената на руските воздушни операции во Сирија можеби изгледаат помали, но Русија влегува во војна што значи дека е неоподно зголемување на финансиите во воената индустрија. Едноставно кажано, средствата за социјални и други распределби ќе бидат насочени кон воената индустрија. Во сето тоа мораме да обрнеме внимание бидејќи следува сериозна економска криза во земјата“, вели Давидис.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот