Што треба да знаете кога станува збор за користење безжичен интернет во авион? Дали тоа е безбедно?
Како функционира безжичен интернет во авион?
Авионите се поврзуваат на безжична мрежа со помош на антени. Тие собираат сигнали од најблиските предаватели, а потоа ги испраќаат информациите на вграден рутер кој го шири сигналот низ авионот. Антените може да ги користат сигналите од мобилните кули или од сателитите.
Како и секој облик на безжичен интернет, постои ризик за оние што се поврзуваат. Сајбер-криминалците ја користат слабата безбедност бидејќи повеќето јавни мрежи не се безбедни.
Како да се зголеми безбедноста при користење безжичен интернет во авион?
Без разлика дали летате на кратка или долга релација, невозможноста да се поврзете на интернет може да биде непријатна. Затоа, доколку се одлучите за користење безжичен интернет во авионот, користете само безбедни ХТТПС-страници кои имаат дополнителен слој безбедност и кои се потешки за хакирање. Одбегнувајте да отворате ХТТП-страници што не се толку безбедни.
Освен тоа, инсталирањето ВПН може да ви помогне во шифрирање на податоците кои се испраќаат помеѓу вашиот уред и предавателот.
Конечно, пред да се поврзете на мрежата, проверете дали сте ја означиле како јавна. Со одбирање на оваа опција ќе се исклучат многубројни можности за делење приватни податоци и вашиот уред ќе биде скриен од другите компјутери и телефони.
Извор:
Svijet kulture
Насловна фотографија: Freepik