X
 13.10.2022 Технологија

Германски студенти направија електричен болид и поставија брзински рекорд

Гинисовата книга на рекорди е побогата за уште еден брзински рекорд - на електричен автомобил со најдобро забрзување во светот. „Гринтим“, тим од само 20 студенти, создаде електричен „формула студент“ автомобил со кој успеа да забележи официјално време на забрзување од 0 до 100 км/ч за само 1,461 секунда. Со ова тие го соборија претходниот рекорд, поставен во Швајцарија, кој изнесуваше 1,513 секунди.

Според тоа, формулата на „Гринтим“ е половина секунда побрз од „невера“ на Римац, серискиот автомобил со најбрзо забрзување во светот. Масата на автомобилот е само 145 килограми, а има и погон на сите тркала, како и специјално дизајнирана батерија.

Интересно е што истиот тим постигна светскиот рекорд уште во 2012 година, со 2,681 секунди, но потоа загуби од своите конкуренти.

Годинава еднаш се обидоа да го соборат истиот рекорд, но потоа доживеаја мала несреќа и болидот заврши во заштитната бариера покрај патеката. На крајот успеаја, и на 23 септември на патеката во Ренинген кај Штутгарт, со болидот E0711-11 EVO, влегоа во Гинисовата книга и поставија нов предизвик за своите натпреварувачи.



Извор: Autonet.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија