Вчеравечер еруптира познатиот вулкан Етна на Сицилија.
Видеа од ерупцијата покажуваат како излегува лава од вулканот. Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија изјави дека при ерупцијата бил создаден облак од прав и лава со надморска височина од околу 4.500 метри.
Етна е еден од најактивните вулкани во светот. Неговата последна ерупција во август годинава доведе до прекини во авионскиот сообраќај во Сицилија.
Извор:
Yahoo news
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)