X
 23.07.2017 Наука

Откриена мистеријата на движечките карпи во „Долината на смртта“

Карпите кои се движат во „Долината на смртта“ во Калифорнија се мистерија долго време за научниците. Во изминатите години беа презентирани бројни теории за чудниот феномен. Конечно, по долги години истражување, научниците откриле која е вистинската причина за движењето на карпите.

фото извор: Tahoenathan/Wikimedia Commons

Регионот е составен од комплетн исушено езеро и карпи. Карпите не е можно да се движат сами по рамна површина. Што е полоше, нивното движење не можеше ниту да се набљудува, се до сега. Според трагите, карпите се движат бавно и непредвидливо. Секако не би можеле да се набљудуваат освен ако не седите со часови во пустината. Научниците поставиле камери и „GPS“ за да го следат нивното движење. Феноменот прв пат бил забележан во 1915 година.

Местото каде што се наоѓаат карпите се наоѓа на 1.132 метри надморска височина, долго е 4.5 километри и 2.1 километри широко. Езерото не било од секогаш суво. За време на обилни дождови или топење на снег, повторно се обновува, но привремено. Подот на таканаречената „плажа“ каде што се карпите има големи количини на доломити (слично на варовник) и сиенит (слично на гранит). Некои од овие камења можат да се движат без интервенција. Нивното движење се протега во должина од 100 метри, а е длабоко помалку од 2.5 центиметри.

Теориите поврзани со движењето објаснуваат форма на локализиран магнетски ефект. Но, тоа се покажало како неточн, бидејќи карпите не покажуваат движење кон одреден извор кој ги привлекува.

Откако се следени, изгледа дека движењето се појавува на секои три години. Научниците се обиделе да изградат корал од 1.7 метри во дијаметар околу карпите. Некои карпи, успеале да му „избегаат“ на коралот. Ако се верува дека движењето е поврзано со мраз кој е одговорен за нивното „шетање“, тогаш мора да е помал од празнините во челичната шипка. Сепак, опсервациите се коселе со претходните теории за силен ветер или тенок мраз кој ги придвижува карпите.

Снимките покажале дека како што езерото се полни со плиток слој на вода, се смрзнува околу карпите кога температурите се ниски. За време на денот, топлината од Сонцето делумно го топи слојот на мраз кој се крши на делови. Тие делови, носени од ветрот, ги „растураат“ карпите по подот. Кога сиот мраз ќе се стопи и водата ќе испари, карпите се оставени да „чекаат“. Уште поинтересно е што карпите се движат и без силен ветер. Некои карпи е забележано дека се движат дури и 224 метри за време на периодот на набљудување.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука