X
 14.03.2026 Технологија

„Нетфликс“ не работи на вашиот телевизор? Еве што можете да направите за да го решите тоа

На почетокот од март „Нетфликс“ престана да работи на голем број постари паметни телевизори и уреди низ целиот свет.

Не се работело за грешка. „Нетфликс“ редовно го ажурира својот софтвер, па затоа некои постари уреди повеќе не се компатибилни, но постои начин да се реши овој проблем и да се продолжи со гледање емисии и филмови.

Кои уреди повеќе не го поддржуваат „Нетфликс“?

Еден од најзначајните уреди на кои „Нетфликс“ престана да работи е „плејстејшн 3“, кој беше издаден во 2006 година. На почетокот на 21 век ПС3 беше најпопуларната опција за луѓето што сакаа да стримуваат „Нетфликс“ од надворешен уред, што претставува над 30 проценти од сите стриминг-содржини на платформата.

Високиот број инсталации е веројатно причината зошто на „Нетфликс“ му требаше толку долго време за да ја прекине поддршката. Но, досега повеќето луѓе се префрлија на стриминг од понови паметни телевизори или други уреди, па затоа продолжувањето на поддршката повеќе не се исплати.

Иако е тешко да се добие цврста потврда за секој уред на кој „Нетфликс“ повеќе не работи, ова веројатно ги вклучува паметните телевизори произведени пред 2015 година (самсунг, ЛГ, сони, панасоник), постарите стриминг-кутии и телевизори од типот ДВР, како и некои постари паметни телефони и таблети.

Накратко, ако вашиот уред е стар повеќе од 10 години, постои прилично голема веројатност да го изгубите пристапот до „Нетфликс“.

Како да го вратите „Нетфликс“ ако вашиот уред повеќе не го поддржува?

Најлесното решение е да купите нов телевизор. Но, ако тоа не е опција што сте спремни да ја прифатите, полесно е (и поевтино) едноставно да добиете понов надворешен уред што можете да го поврзете со вашиот телевизор преку ХДМИ порта.

Некои од достапните опции се:

- Понови конзоли како „плејстејшн 4 и 5“ и „иксбокс серии С и X“

-Епл ТВ 4K

-Нвидија шилд TВ


-Гугл хромкаст или ТВ Стример

-Амазон фајр ТВ стик 4К плус.

Ова се само неколку предлози бидејќи речиси секој надворешен уред за стриминг што постои во последните  години ќе биде соодветен. Ако користите мобилен телефон за стриминг на „Нетфликс“, обично ќе ви треба телефон што поддржува „иОС 16“ или понова верзија, или „Андроид 7.0“ или понова верзија.

Извор: tportal.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија