X
 14.06.2021 Образование

Денес почнува пријавувањето и запишувањето во средните училишта

Денес е првиот ден за пријавување и запишување ученици во средните училишта во земјава.

Согласно конкурсот, првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши денеска од 12:00 часот до 19:00 часот, утре и задутре во период од 7:00 часот до 19:00 часот и в четврток во период од 7:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават в четврток од 16:00 часот до 19:00 часот. Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 7:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 7:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот. Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 7:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

Во конкурсот, кој беше објавен во март, стои и дека учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.

По објавување на ранг-листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да им ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Согласно конкурсот, во 109 средни училишта има вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралелки, 9.261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и Математичко-информатичка гимназија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование