X
 30.06.2019 Живот

Во Данска фалат работници - се создале 208.000 работни места за 5 години

Во април бројот на вработените во приватниот сектор се зголемил за 3.600, покажуваат новите податоци од „Статистика Данскa“. Во меѓувреме, бројот на работни места во јавниот сектор се зголемил за 1.100.

Сега вкупниот број вработени во Данска изнесува 2.784.100.

- Добра вест е што бројот на вработени се зголемува. Ова е сведоштво за фактот дека данската економија и понатаму напредува. Во текот на изминатите пет години данските компании создадоа 208.000 работни места - вели Стин Нилсен, заменик-директор на Конфедерацијата на данската индустрија.

- Компаниите се подготвени да генерираат понатамошен раст и да создадат нови работни места. Но, тие имаат проблеми со наоѓање вработени. Според тоа, мора да се постави приоритет да се најдат повеќе работници за данскиот пазар на трудот, со тоа што би им се олеснило на странците да дојдат да работат во Данска - вели Нилсен.

Социјалните либерали, партија за поддршка на социјалдемократската малцинска влада на Мете Фредериксен, се залагаат за мерки за да го олеснат патот за компаниите да увезуваат квалификувана странска работна сила во Данска.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот