X
 14.08.2023 Живот

„Убиство во Тетово“ - нов истражувачки документарен филм на ИРЛ

Истражувачка репортерска лабораторија вчера го објави истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово“ за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој живи изгореа 14 лица.

Истражувањето „Убиство во Тетово“ е истрага за една од најголемите несреќи во историјата на државата со масовен број жртви. Репортерите на ИРЛ повеќе од 7 месеци работеа во Скопје и во Тетово и ги собираа и ги анализираа податоците и документите добиени за овој случај. Во пожарот на 8 септември 2021 година загинаа 14 луѓе во тетовската модуларна болница за лекување болни од вирусот ковид-19.

-Сите несреќи од катастрофални размери што се случуваат во Македонија имаат една заедничка карактеристика, која била дел од клучните настани што довеле до катастрофата, сите се случиле поради запоставување на обврските на оние на кои како заедница сме им дале полна доверба да управуваат со нас и со заедничките добра - вели одговорниот уредник и продуцент на ИРЛ, Сашка Цветковска, нагласувајќи дека ова истражување е посветено на непотребни човечки загуби во Македонија, кои се случиле и кои продолжуваат да се случуваат поради тоа што правосудниот систем не покажа одговорност кон жртвите.

Од ИРЛ наведуваат дека ова е една од ретките епизоди за која притисоците и јавните напади кон новинарите од ИРЛ започнале уште во раните фази на истражувањето. Обиди за попречување на истражувањето за модуларната болница, освен припадници на бизнис-заедницата, вршеле и одредени судски и извршни институции. Се криеле документи и информации од јавен карактер, за кои од ИРЛ биле принудени да поведат жалбени постапки пред надлежните институции.

Во продолжение можете да го погледнете целиот истражувачки филм.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот