Во бројни хотели низ светот нумерацијата на собите понекогаш скока од 419 директно на 421 и тоа не е случајност.
Најчесто, хотели ја избегнуваат собата со број 13 поради суеверија, но некои од нив немаат ниту собата со број 420. Овој број има посебно значење меѓу љубителите на канабисот, па токму поради тоа, хотелите често го изоставуваат.
Постојат две причини за тоа: страв дека во соба со број 420 би можеле да се организираат „специјални средби“ поврзани со консумирање канабис, а покрај тоа, табличките со овој број често исчезнуваат бидејќи гостите ги земаат како сувенир. Затоа, дел од хотелите целосно го прескокнуваат бројот 420 во својата нумерација.
Сличен проблем постоел и во американската сојузна држава Колорадо, каде што сообраќајниот знак со број 420 редовно бил краден, па на крајот бил отстранет. Потеклото на овој број датира од 1970-тите во Калифорнија, каде што група ученици се среќавале во 16:20 часот заедно да пушат марихуана, а 20 април (4/20) станал неформален празник на заедницата која користи канабис.
Освен 420 и 13, хотелите понекогаш избегнуваат и други броеви поради културни причини. На пример, во Кина се избегнува бројот 4 затоа што звучи како зборот „смрт“, а во Италија бројот 17, бидејќи на латински значи „мртов сум“.
Извор:
Vecernji.hr
Фото: Freepik