Ниту еден слон не загинал на пругите во индиската држава Тамил Наду во последните две години, велат надлежните, а за тоа е заслужна вештачката интелигенција.
Покрај пругата е поставен систем за вештачка интелигенција за надзор, кој се состои од 12 кули, опремени со камери со сензори за движење и топлина.
Кога системот забележува слонови во близина на пругата, локалните тимови го предупредуваат машиновозачот да забави и да им дозволи на животните безбедно да преминат.
Досега се забележани 6.500 безбедни премини.
Извор:
BBC
Фото: Screenshot/BBC