X
 02.07.2023 Технологија

„Галаксија“ - компјутерот што Југословените сами го составувале

На почетокот на 80-тите години на 20 век технолошката револуција зела голем замав, а луѓето почнале да користат компјутери дома.

Поради забраната за увоз на стоки поскапи од 50 тогашни германски марки, во Југославија немало компјутери. Но, сè се променило кога во 1983 година списанието за промоција на науката „Галаксија“ објавило специјално издание наречено „Компјутери во вашиот дом“.

Воја Антониќ, уредник и публицист, и новинарот Дејан Ристановиќ од „Галаксија“ ја започнале кампањата „Направите своја 'галаксија'“.

Станувало збор за едноставен компјутер направен од евтини делови и достапен за секого: биле продадени околу 8.000 компјутери „галаксија“ - првиот југословенски домашен компјутер.

Овој компјутер најмногу им послужил на ентузијастите да склопат свој компјутер, но и да влезат во светот на компјутерите. На некои, искуството со „галаксија“ им го одредило животниот пат.



Извор: ВВС
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија