X
 20.01.2015 Образование

Човековите права приоритет за 2015 година во високото образование

Европската студентска унија (ЕСУ) ќе ја зголеми работата на човековите права во 2015 година. Ова беше потврдено во новиот план за работа на европските студентски претставници, прифатен на состанокот на унијата во Баку од 1 до 5 декември.


ЕСУ организираше дводневен семинар за човековите права пред состанокот, кадешто студентските претставници биле поканети да дискутираат на темата. Ова е првпат како ЕСУ одржува семинар посветен на човековите права пред својот состанок.

Било одлучено дека ЕСУ ќе одржи уште една сесија на темата во 2015 година. Згора на тоа, ЕСУ ќе ги формализира соработките со организации и мрежи кои работат во областа на човекови права во високото образование.

ЕСУ ќе продолжи со промоција на значењето на човековите права, особено правото на мислење, правото за пристап до образование, правата на ЛГБТ-заедницата и други проблеми со кои се соочува целиот свет.

Елизабет Герк, претседателката на ЕСУ изјави: „Возбудени сме за ова, особено поради тоа што човековите права и академската слобода сè повеќе се под закана ширум светот. Ќе целиме кон зголемување на свеста и разбирањето за улогата на студентските движења во дебатите за човекови права“.

ЕСУ усвои и нови стратешки политички приоритети кои ќе ја водат работата на унијата до 2017 година. Имено, ќе се работи на мобилноста и интернационализмот, квалитетот, социјалната димензија, јавната одговорност, финансирање и водење на високото образование.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование