X
 25.01.2015 Забава

Луди трендови присутни само во Јапонија

Јапонија е епицентарот на лудите изуми. Навистина, некои од овие можеби (велиме можеби) ќе стигнат до Европа за 100.000 години. Другите се толку смешни што не ги ни сакаме овде.


Затегнувач на лице

Заборавете ги козметичките третмани од професионалец. Во Јапонија жените се борат против брчките со ова „чудо“.



Гаџет за читање емоции во облик на мачкини уши

„Necomimi“ е уред со кој може да ги изразувате чувствата. Ушите се менуваат во однос на вашата рекалсираност, среќа, тага или возбуда.


Компјутерска „маса“ во кревет

Се сеќавате на „Воли“? Во филмот, луѓето се движат седејќи со своите компјутери. Ова потсетува на тој дел од филмот.


Перници за гушкање

Овие перници се многу популарни во Јапонија. Тие може да се адаптираат на секоја позиција, сè додека ги прегрнувате.



Продолжувач за палец

Токио е напред во поглед на технологијата. Секој таму носи еден од оние масивни мобилни телефони, а за оние кои не можат да ракуваат со нив, има и ваков помошник.



Клун за кучиња

Дали на кучињата навистина им се потребни вакви додатоци? Според Јапонците, очигледно да.



Апарат за замрзнато пиво

Ова би можело да биде вкусно. Уредот е наречен „Kirin“, а го чува пивото студено подолго време, додека остава замрзната пена на врвот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава