X
 04.02.2015 Живот

Најдобрите земји за живот и работа како странец

Еве еден мал подарок за сите оние кои мечтаат да работат и живеат некаде во странство. Обрнете повеќе внимание на овие земји кога ќе мислите на иднината.


Земји во кои се зборува англискиот јазик

Секој има барем основно познавање од јазикот, па зошто да не се искористи тоа?

Нов Зеланд

Ќе патувате многу за да стигнете таму, но кога ќе стигнете ве очекуваат... високи цени и спор интернет. Сепак, Нов Зеланд се рангира високо во поглед на балансот помеѓу работата и приватниот живот, пријателски настроените жители и безбедната околина за одгледување семејство.



Белизе

Секој би сакал да се буди покрај ваков пејзаж пред да го започне работниот ден. Земјата е мала и е во развој, но луѓето доаѓаат овде за живот бидејќи се зборува англиски јазик и животот е евтин.



Обединето Кралство

Дури и доколку не пронајдете работа претходно, големи се шансите дека ќе најдете работа откако ќе пристигнете таму бидејќи многу работодавци вработуваат странци поради нивната работна етика и многуте вештини. Животот е скап во Лондон, но за многумине трудот се исплати.

За авантуристи



Швајцарија

Опуштениот начин на живот ја прави Швајцарија атрактивен избор, посебно за оние кои заработуваат добро. Тука има одлични училишта и здравствено осигурување.



Кина

Во земјата има потреба од наставници и професори со искуство. За наставничките работи се доделуваат бесплатни сместување и патувања. Во големите градови има многу странски компании кои вработуваат странци, па има и работа за оние останатите. Животот е евтин овде и лесно е да се штеди за иднината. Една лоша страна е загадувањето во големите градови.



Хонг Конг

Пред да се спакувате и заминете во Хонг Конг, треба да знаете дека е многу поскап регион од остатокот од Кина. Но, многумина овде зборуваат англиски јазик и доколку имате кинеска виза може да пазарите во Кина за помали суми.



Индија

Втората најнаселена земја во светот се наоѓа во десетте најдобри места за живот во светот. Социјален живот, пријателски жители и исхрана - се чини дека сè е одлично овде.

За хонорарци (фриленсери)

Доколку компјутерот и интернетот се единственото што ви е потребно за да заработувате и живеете, светот е отворен за вас.



Еквадор

Малку зборување шпански јазик ќе ви помогне да се снајдете и да најдете добри зделки за храна и сместување во Еквадор. Овде најчесто се преселуваат пензионерите кои живеат на буџет. Здравството е евтино, исто така.



Тајланд

Без разлика дали ќе се одлучите за живот во метропола или рурален регион, животот овде е евтин, а притоа имате пристап до различна храна и неверојатна природа. Тука има многу можности за работа со половина работно време за оние кои знаат англиски.



Сингапур

Земјата е дом на многу меѓународни компании, а е одлична за живот доколку работите од дома. Сместувањето е скапо, но превозот и храната се на другата страна од спектарот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот