X
 24.03.2015 Култура

Серијата "Game of thrones" ќе ги уништи книгите

игра

 

Читатели на „Песна за мразот и огнот“ внимавајте: Ден Вејс и Дејвид Бениоф официјално потврдија дека „Game of thrones“ на НВО ќе застане на истото поглавје како и книгите, меѓутоа дефинитивно ќе заврши пред објавувањето на сите книги на Р.Р.Мартин.


„За среќа, за ова разговаравме со Џорџ веќе долго време, уште откако знаевме дека постои можност да се случи, и знаеме на каде работите одат. Затоа, одлучивме да одиме во истата насока по којашто оди Џорџ и таму да завршиме. Искрено, посакувам да не уништиме некои работи, меѓутоа заглавени сме меѓу камен и доста тврдо место. Шоуто мора да продолжи, а токму тоа ние го правиме“, велат продуцентите.

Се чини дека претстојната петта сезона на „Game of thrones“ ќе заврши исто како најновиот роман на Џорџ, оставајќи ги гледачите и читателите на истото поглавје од патувањето на ликовите. Мартин откажа појавувања на неколку конвенции со цел да ја заврши шестата книга (Ветровите на зимата) - со што се отвора шанса читателите да ја прочитаат пред да започне шестата сезона, меѓутоа неизбежно е дека последната сезона на серијата ќе излезе пред седмата книга. Бениоф откри и дали тоа ќе влијае врз продажбата на книгата.

„Мислам дека на некој начин е забавна идејата дека Џорџ може да има изненадувања за луѓето дури и откако тие ќе ја изгледаат серијата. Постојат одредени раоти кои се случуваат во книгите, а кои се различни од серијата, и мислам дека луѓето кои ја сакаат серијата, ќе сакаат повеќе да знаат за ликовите, за различните ликови кои можеби не се појавија во серијата и токму поради тоа да се насочат кон книгите“, вели Бениоф.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура