X
 16.03.2015 Образование

Средношколски марш и во Битола

Денес во Битола се одржа вториот средношколски пленум на кој учениците се одлучија дека нивниот револт кон министерството за образование и екстерното ќе го искажат преку средношколски марш.

 

1


„Денес се собравме за да го одржиме вториот средношколски пленум, претходно имавме поднесено две барања, до две гимназии; едното до горната гимназија „Јосип Броз Тито“, едното во долната гимназија „Таки Даскало“. Во горната е примено барањето но е одбиено, а во долната не е ни примено барањето. Како што можете да видите и вториот пленум го одржуваме надвор“, вели матурантот Христијан Груевски, ученик од Јосип Броз Тито.

Средношколскиот пленум остро ги осуди плакатите кои минатата недела беа залепени низ Битола, велејќи дека се чиста пропаганда.

„Претходната недела беа залепени плакати од еден соученик од долната гимназија на кои имаше невистини за него, само за пропаганда“, додава Груевски.

Пленумот апелира да се приклучат сите родители, студенти и професори затоа што сите се засегнати од овој проблем.

„Нашите барања се целосно укинување на екстерното и враќање на матурата. Подобро би било кога би ни се вклучиле и родителите и професорите, бидејќи мислам дека време е да се разбудат и професорите. Ова повеќе нив ги засега, отколку нас, посебно во врска со екстерното“.

 

2


Според пленумците, маршот е единствениот „алат“ со кој ќе можат да го искажат нивниот револт против екстерното образование.

„На вториот пленум заедно одлучивме дека нашиот револт кон министерството за образование за воведување на екстерното ќе го покажеме со марш во работен ден. Дополнителнно ќе известиме за денот на маршот“.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование