X
 01.10.2015 Образование

Моќта е во рацете на студентите!

Досега треба на сите да им е јасно дека студентските штрајкови и тоа како успеваат. Низ цлиот свет, повторно и повторно, студентите преку штрајковите ги добиле своите барања. Јасен е генералниот тренд: демократскиот прекин на образовниот систем може да изврши голема колективна моќ.

 

студенти


На оваа неицспрна листа би можеле да додадеме многу други примери, вклучувајќи го и штрајкот и прогласувањето на слободната зона на нашиот студентски пленум и нивните добиени барања. Исто така, тука може да се додаде и неодамнешната победа во Бангладеш за кампањата #NoVATonEducation па се` до постари примери како што е штрајкот во Велика Британија против конзервативците во 1971 година кога Маргарет Тачер беше секретар за образование. Само затоа што не сме запознаени со идејата, тоа не значи дека студентскиот штрајк не е добро воспоставена тактика во стратешкиот прирачник на конфронтирачка политика.

1. Мексико, 1999 година


Во 1999 година, претседателот на Националниот автономен универзитет во Мексико објавни дека школарината ќе се зголеми од еквивалент на 2 центи на 150 американски долари по семестар. Растот на школарината сериозно се закануваат да ги нарушат студиите на илјадници студенти. Како резултат на ова, студентите организираа штрајк.

Околу 25.000 студенти се приклучиле на штрајкот. Одлуките биле донесувани заедно, преку дискусии на факултетот и студентски парламенти во кои биле вклучени сите студенти кои штрајкувале. Кампусот на Националниот автономен универзитет бил окупиран од студентите, запирајќи ги часовите на преку 270.000 студенти.

После седум недели акција, администрацијата на универзитетот понуди компромис: доброволна школарина за сите студенти. Штрајкувачите не го прифатиле ова, и наместо тоа барале институционални промени, наместо мали промени во политиката. Тие не успеале да го добијат ова барање, меѓутоа нивната борба стана симбол за отпор кон пошироката агенда на владата за приватизација и репресија, галванизирајќи ја јавноста да излезе на улиците и да побара промена.

2. Колумбија, 2011


Во 2011 година колумбиската влада предложи широка приватизација на колумбискиот високообразовен систем. На почетокот на 2011 година, студентите одржаа состанок на национална основа, со цел да дискутираат како да го зголемат студентското движење и да го направат масовно движење во кое ќе бидат вклучени сите страни од колумбиското општество: уметници, спортски тимови, академци и слично. Со овој состанок се создаде и МANE (Национален студентски парламент).

Стратегијата на MANE имаше две главни компоненти: прво, национални денови за штрајкување. Второ, позитивна визија за тоа какво треба да биде високото образование. Ова беше листа од вкупно шест барања во кои биле вклучени и потребите на студентите, демократијата и социјалната застапеност во академското образование, како и барање за поголема демократска слобода. Овие барања биле прифатени од колумбискиот народ, со што движењето се проширило надвор од студентската организација. Поради големиот притисок од MANE и јавноста, до крајот на 2011 година владата мораше да ги повлече плановите за приватизација.

3. Квебек, 2012

Студентите од Квебек се спротиставиле на обидот да се зголеми школарината, и тоа во период на голема инфлација. Најбројната унија, ASSE (Аssociation for Student Solidarity) го отвори своето членство и во коалиција со друга организација, се формирала CLASSE (Broad Coalition of ASSE) и започнала со мобилизација. После огромната кампања за политичко образование, тие започнале да најавуваат штрајкови.

Она што следуваше беше најголемиот генерален неограничен студентски штрајк во историјата на Квебек. 250.000 студенти започнале да штрајкуваат цели шест месеци. Нивната кампања предизвикала економска нестабилност, затворање на кампусите како и доведување на владата во толку голема криза, што ситуацијата довела до предвремени избори и укинување на зголемувањето на школарината.

4. Бразил, 2015

Во Бразил, изминативе години, владејачката Работничка партија имплементираше агенда според која се намали буџетот за јавните услуги и со тоа се предизвика покачување на цените. Како одговор на намалувањето на буџетот на универзитетите, студентите, персоналот и професорите од кампусите во поголемиот дел бразилски универзитети решија да штрајкуваат. Штрајкот започна пред околу 100 дена, а сите штрајкувачи имаа едно барање: зголемување на буџетот. Досега на штрајкот се приклучија 50 универзитети, а студентите формираат свои одбор иза штрајк со цел да се поддржи и да се прошири нивната акција.

5. Велика Британија, 2016?

Националната кампања против даноците и намалувањата го повика британското студентско движење, тврдејќи дека за победа на Ториевците потребен е студентски штрајк.

Важни се стратешките иновации и промената од застоениот циклус на народни демонстрации. Студентското движење сега се соочува со историска можност. Промената на грантови за одржување во кредити за одржување е огромен проблем. Но не е тоа единствен проблем - владата истовремено „ги лови“ студентите, академците, идните студенти, студентите со посебни потреби, меѓународните студенти и муслиманските студенти. Доколку Ториевците успеат, ова ќе биде доста голема промена за образованието. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование