X
 17.03.2015 Образование

Средношколски марш и во Скопје, Струмица, Кочани и Ресен

Во четврток средношколците одат на марш против лошите реформи во средното образование во земјава. Откако средношколците во Битола, Струга и Тетово официјално најавија средношколски маршеви, средношколците од Скопје, Струмица, Кочани и Ресен синоќа им се придружија со најава на официјалната фан-страница на Средношколски пленум на „Фејбсук“.


„СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Драги наши соученици, родители, професори и поранешни средношколци.

Ве повикуваме на првиот средношколски марш кој ќе се одржи во поголем број градови низ државата.

Да се собереме во што поголем број со цел да го искажеме нашиот револт кон лошите реформи!

Време е да го отфрлиме туѓото влијание бидејќи образованието ни припаѓа нам!

Време е да покажеме дека нема да дозволиме да го уништат образовниот систем за нас и за идните генерации! Затоа дојдете и придружете се!

Кодекс на однесување за време на маршот:

Забрането е:

1. Истакнување на партиска, религиозни и етнички симболи

2. Секаков вид на вандализам

• Палење на учебници и сл.
• Уништување на јавен имот

3. Пропагирање на вертикална структура

4. Насилство и говор на омраза

5. Користење на алкохол и опојни дроги

6. Оружје и пиротехника

Со почит, Средношколски пленум.


Следува листа на градови во кои ке се одржaт маршови, но се очекува истата да се зголеми и благовремено ке ја надополниме.

Скопје: https://www.facebook.com/events/679466998830029/
Тетово: https://www.facebook.com/events/333730333500517/
Струга: https://www.facebook.com/events/600874110049154/
Струмица: https://www.facebook.com/events/440425559447497/
Кочани: https://www.facebook.com/events/932920886738727/
Ресен: https://www.facebook.com/events/864046430330003/

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование