X
 27.03.2015 Технологија

"Интернет на нештата" концепт кој го менува човештвото

„Интернет на нештата“ (Internet of Things, IoT) не е утописка идеја за иднината, туку фундаментален концепт кој веќе го менува животот.

Копнежот по „најдобрIoT од сите можни светови" нé впрегнува да бидеме ангажирани и во постојана потрага по најнова технологија што ќе го задоволи нашето тежнеење кон поедноставен и полагоден живот. МодернIoT свет нуди толку многу опции за тоа како може или како треба да егзистираме, што човек не може, а да не се запраша дали ние живееме посреќно или нашите баби?

Постарите знаат да кажат „И покрај сите овие уреди и помагала што ги имате, миксери, апарати и машини, пак нам ни беше поубаво!?!“ Дали навистина животот е поубав и полесен денес или порано е тешко да се одговори, особено што сме сведоци само на својот животен век. Затоа и постарите не можат да знаат која е предноста на машината за сушење алишта што ја пуштаме преку мобилниот телефон кога знаеме дека почнува терминот за ефтина струја?



Во литературата денес постојат многу дефиниции за феноменот Internet of Things, кој на македонски се преведува како „Интернет на нештата“. Имајќи предвид дека оваа глобална појава е од исклучително значење и во иднина ќе влијае на развојот на сите аспекти на модерното живеење, не е неверојатен фактот дека наскоро сите физички објекти ќе бидат поврзани и ќе комуницираат меѓу себе.

„Интернет на нештата“ се чини како логична еволуција на интернетот и комуникациите во овој свет во кој секој креира и консумира содржини што ги споделува на интернет. Овој концепт поставен уште пред 10 години се базира на идејата пасивните нешта да се претворат во интелигентни, „паметни“ актери кои со помош на интернетот ќе можат да разменуваат информации. Комуникацијата се одвива во повеќе насоки и ги преоѓа вообичаените граници на функционирање на уредите и физичкIoT свет околу нас. Со други зборови „вмрежените“ уреди имаат способност да собираат информации, да „почувствуваат“ и да ги пренесат истите за да можат некои други уреди или луѓе да направат нешто со тие информации.

„Интернет на нештата“ е всушност интернет на поврзаните нешта.

Автомобилите, кујнските апарати, медицинските уреди, очилата, рачните часовници, па дури и храната во замрзнувачот се само едни од примерите за нешта на кои денес им даваме способност за комуникација. „IoT“ веќе не е утописка визија за иднината, туку фундаментален концепт кој веќе го менува човештвото.

Во најново време во Македонија, тоа се апликациите за Fleet management и SmartWine креирани во партнерство со Т-Мобиле Македонија и Македонски Телеком. Првата е апликација за следење на автомобилската „флота“ на компании кои се занимаваат со превоз или диструбуција, додека SmartWine е апликација за интелигентен мониторинг на лозови насади, базирано на cloud сензорска мрежа што се поставува на насадите. Овие мрежи овозможуваат 24 часовен мониторинг и информации за состојбата и во случај на опасности, системот го алармира корисникот да ги преземе потребните мерки, со што го намалува ризикот на минимум.

Овие примери само потврдуваат дека „Интернет на нештата“ веќе поврзува уреди, системи и услуги, комуницирајќи машина со машина (machine-to-machine). Притоа, ќе се воспоставуваат нови протоколи, домени и апликации, но за разлика од другите технолошки иновации кои во потполност сме ги прифатиле, позитивните и негативните аспекти на „Интернет на нештата“ се се' уште непознати.

Едно е сигурно, новите технологии и човечката креативност ќе отворат цел еден нов свет на неверојатни и фасцинантни апликации што ги нуди овој напредок, а кои имаат неприкосновена моќ да го менуваат човештвото.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија