Дали знаевте дека една третина од најпознатите интернет-страници ширум светот биле основани од студенти? Тоа е моќта која ја имаат студентите.
Успехот не доаѓа лесно и брзо. Сите успешни студентски приказни биле платени со голема сума - дали тоа е откажување од факултет, проблеми со финансиите итн. Секако, тоа не треба да демотивира. Напротив, тоа треба да покаже дека иако сега доживувате неуспеси, успехот можеби ве чека на следната врата.
„Microsoft“ - Бил Гејтс и Пол Ален
Сè започнало во средно училиште, кога се запознале двајцата програмери. Подоцна тие се запишале на „Харвард“, но Пол го убедил Гејтс да се откаже од студиите. Првите неколку години биле тешки за двајцата, но тие успеале, а денес двајцата се милијардери.
„Facebook“ - Марк Цакерберг
Марк го основал „Facebook“ како студент на „Харвард“ за да им помогне да на колегите-студенти да се поврзат. Седум години подоцна, социјалната мрежа забележа повеќе од 1,39 милијарди активни корисници.
„Yahoo“ - Џери Јанг и Дејвид Фајло
Двајцата студенти на „Стенфорд“ ја основале компанијата во 1995 година. Тоа било три години пред објавувањето на „Google“. Страницата останува една од најпознатите и најголемите до денес.
„Reddit“ - Стив Хафмен и Алексис Оханан
Тие биле студенти на Универзитетот во Вирџинија која ја основале социјалната интернет-страница за вести во 2005 година. Неколку месеци барале спонзори, но сепак успеале.
„Wordpress“ - Мат Маленвег
Студентот на универзитетот „Хјустон“ во 2003 година работел заедно со Мајк Литл и Мајкл Волдрих за да го создаде системот за организирање содржини. Денес, на платформата има повеќе од 130.000 интернет-страници.
„Google“ - Лари Пејџ и Сергеј Брин
Двајцата биле студенти на „Стенфорд“ кога го основале гигантот во 1998 година. Тие имале потешкотии на почетокот и сакале да ја продадат компанијата поради финансиски проблеми, но за среќа другата страна одбила.
„Time“, Бритон Хеден и Хенри Лук
Можеби не ви се верува, но двајцата како студенти го основале списанието во 1923 година. Во тоа време тоа било првото неделно списание во САД.