X
 25.04.2015 Наука

Апликација која мери колку е отровна нашата козметика

Скоро никој не се ни обидува да ги прочита ниту етикетите, ниту пак декларациите кои се наоѓаат на козметиката. Си велиме дека скоро никогаш нема да ги научиме маратонските непознати зборови, па затоа треба да се задоволиме со она што го велат на рекламите.

 

апликација


За да бидат работите уште полоши, прописите кои се однесуваат на безбедноста на козметичките производи не се ни приближно строги колку за храната. Кога нешто ставате на вашата кожа, ефектот е ист какосо јадењето. Тој влегува во крвотокот.

Често не знаеме дека нашите ситни заболувања предизвикани од алергии, се предизвикани токму од козметиката. За да бидете посигурни во козметиката, едноставно мора да размислувате негативно. Авторите на апликацијата „Think Dirty“ сакаат да ве одведат чекор понатаму.

„Тhink dirty“ ги зема во предвид сите потенцијално канцерогени супстанции, супстанции кои се мешаат во ендокриниот систем и сите останати состојки на производот. Секој призвод се рангира на „Dirty“ метар, а апликацијата со тоа дава помалку токсични алтернативи и почисти производи.

Засега покрива повеќе од 1.600 брендови и 60.000 производи, а за читање користи повеќе извори на информации, како што е листата на регулаторни агенции, клинички истражувања, рецензирани научни трудови и слично.

Измерете колку е токсичен вашиот избор


Посебна функција е „My bathroom rating“ која ја оценува вкупната токсичност на козметиката која ја употребувате, а со текот на времето го следи и процесот на транзиција кон почисти производи. Корисникот исто така може да направи листа на помалку токсични производи за подоцна, за да не мора да ги скенира во продавница. Новите производи корисниците можат сами да ги напишат во базата на податоци.  
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука