X
 04.05.2015 Технологија

Новиот "Chrome" за мобилните телефони достапен само за програмерите

Сакате да го ѕирнете новиот мобилен прелистувач на „Google“? Сè што треба да сторите е да го преземете „Chrome dev“ од продавницата за апликации во вашиот уред на „Андроид“.


„Google“ објави на својот блог дека оваа опција е воведена за програмерите кои дизајнираат апликација или мобилна страница за да може да видат како функционира на телефони и таблети. Со оваа опција, програмерите имаат можност за видат некои од новите карактеристики на прелистувачот пред да бидат пуштени во јавност за сите.

Ова е првпат како „Google“ објавува верзија за програмери на „Андроид“. Опцијата веќе е достапна за корисниците на „Mac“, „Windows“, „Linux“ и оперативниот систем „Chrome“.

На уредите на „Андроид“ може да инсталирате повеќе верзии од „Chrome“, а користењето „Chrome dev“ значи дека ќе имате пристап до новостите пред да бидат дел од „Chrome beta“, а потоа и новиот „Chrome“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија