X
 27.12.2017 Технологија

Најдобри телефони со Андроид за 2017 година

На оние што се корисници на оперативниот систем Андроид на располагање им се огромен број смартфони од многу произведувачи, меѓу кои и врвните „Самсунг“, „Сони“ и други. Уредите се разликуваат по процесорите, софтверите, дизајнот и според многу други начини. Ова е листа на најдобрите смартфони со Андроид.


1. „Самсунг галакси С8“

Веројатно најдобриот Андроид денес. Се одликува со убав изглед, екран од 5,8 инчи и речиси без рабови, како и многу, многу моќен хардвер. Има и скенер за отклучување на телефонот со очите и дигитален гласовен асистент „Биксби“.

2. „Галакси С8 плус“

Што има „С8“ има и „Галакси С8 Плус“, но е во поголемо издание со екран од 6,2 инчи.

фото извор: tportal.hr

3. „Хуавеј мејт 10 Про“

Нов модел од кинескиот произведувач, кој нуди посебен чип за задачи врзани со вештачка интелигенција. Нуди и многу издржлива батерија, моќни процесори и добри камери.

4. „Самсунг галакси ноут 8“

Овој телефон требаше да го врати доброто име на брендот по фијаското со неговиот претходник. Уредот не е разочарување, напротив, има одличен екран од 6,3 инчи, како и дигитално пенкало.

5. „Ха-те-це У11“

Одличен модел за репродукција на музика, врвни карактеристики.

6. „Ел-Џи В30“

Одличен за играње, филмови, фотографии и музика.

фото извор: LG

7. „Хуавеј мејт 10“

Комбинација од одличен изглед, врвни спецификации и одлична камера. Можност и за надградба на меморијата.

8. „Моторола Мото З2 Форс“

Подобрена камера, неколку интересни трикови за употреба при фотографирање. Со камерата може да се снима и во 360 степени.

фото извор: Motorola

9. „Хонор 9“

Не е некој иновативен смартфон, но има одличен дизајн и ги нуди сите опции што веќе сте ги виделе, но за достапна цена.

10. „Сони Кспериа ХЗ Премиум“

Ако сте вљубеник во уреди со висока резолуција и 4К екран, ова е телефонот за вас. Одлична камера и солидна батерија.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија